Ако сте љубител на кромпирова пита, а не сакате многу да развлекувате кори или немате време, ова е вистинскиот рецепт за вас. Оваа пита нема да ја помислите ни на сон. „Лења“ или „мрзлива“ пита од компири на еден нов, единствен и едноставен начин.

Верувам дека ќе ви се допадне на вас и вашите најблиски, а потоа рецептот ќе го споделите и со вашите пријателки. Освен тоа, многу е вкусна, евтино се подготвува, па често ќе биде на вашето неделно мени. Еве кои состојки ви се потребни за да ја подготвите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг компири, 2 главици кромид, масло, сол и црн пипер за филот. ЗА ТЕСТО: 4-5 јајца, 200 мл млеко, 50 мл масло, 200 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 китка магдонос. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 200-250 г фета сирење, 100 г мајонез, 50 г кашкавал.




ПОСТАПКА: Компирите ставете ги да се ,,киснат” во вода со сода бикарбона, минимум 1 час пред да почнете со подготовката. Излупете ги, па ставете ги во нова вода, додека ги рендате еден по еден. Потоа, ситно исечкајте 2 главици кромид.




Во намастено тавче, оставете да се загрее, па додајте го сечканиот кромид и почекајте да почне да омекнува. Додајте го ренданиот компир кој треба да го исцедите од водата пред да го ставите да се испржи. Со повремено мешање, гответе го компирот додека убаво да се зготви. Зачинете по вкус.




ПОДГОТОВКА НА ТЕСТОТО: Во еден сад додајте јајца. Јас ставив 5 помали јајца, потоа додајте 1 мала лажичка сол, малку црн пипер и околу 50 мл масло. Убаво изматете ги јајцата со жица за матење. Додајте го прашокот за печиво, 1 чаша млеко и околу 200 г брашно.




Со жица изматете ги состојките додека убаво да се соединат и да се формира мазна и еднолична смеса, малку погуста од онаа за палачинки. За смесата да изгледа поинтересна, додајте малку ситно сечкан магдонос или некој друг зелен и листен зеленчук по ваша желба.

Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Во еден плех, обложен со хартија за печење, со стандардна големина излејте ја смесата од компир и рамномерно распоредете ја со шпатула. Преку тоа, прелијте ја смесата за тесто која ја подготвивте и израмнете.




Кога рерната ќе се загрее, ставете на печење. Се пече околу 20 минути, во зависност од јачината на рерната. Одозгора тестото излегува како бисквит, само што е солено. По печењето, оставете питата да се олади, па потоа превртете ја со компировата страна одозгора.




Одозгора прелијте со 200-250 г фета сирење и 100 г мајонез. Измешајте ги состојките и прелијте врз питата со смесата која треба да има конзистентност на премачкување.




Начинот на редење може да биде питата целосно да биде премачкана со филот или да ја поделите на половина, па да ја направите како торта: кора, фил, потоа може да додадете некое сувомеснато или рендан кашкавал, втората кора и повторно цела да се премачка со фил. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.