Неодоливи прстени од јаболка во лиснато тесто. Се прават за 2 минути и се печат! Потребно е само да имате готово лиснато тесто и јаболка. Рецептот е многу лесен, но крајниот резултат е воодушевувачки!
Додека се пече низ кијната се шири неодолив мирис…а за вкусот, сами оценете…многумина не можат да се запрат ниту после второто парче. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г лиснато тесто
големи јаболка
цимет и шеќер
1 жолчка + 20-30 мл млеко
ПОСТАПКА:
Развлечете го лиснатото тесто колку што можете потенко, а потоа исечете го на тенки ленти со широчина од 1.5-2 см.
Јаболката исечете ги на дебели прстени и издлабете им ја средината каде што се наоѓаат семките. Наросете ги со цимет во прав и шеќер, па добро истријте го од двете страни.
Потоа испреплетете ги со лентите од лиснато тесто, така што ќе ги обвиткате прстените, целосно да бидат покриени, а лентите сосем малку да се преклопуваат една преку друга.
Ставете ги во плех обложен со хартија за печење и премачкјате ги со мешавина од жолчка и млеко.
Одозгора наросете ги со шеќер и ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени, приближно 15-20 минути или додека убаво да заруменат.
Оставете малку да подизладат, а потоа наросете ги со шеќер во прав и уживајте во секој залак! Ќе се уверите дека се неодоливи. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.