Неодоливи ПОСНИ колачиња со фил од ореви, готови за неколку минути…
Потребни состојки:
200 г брашно
100 г пченичен гриз
50 г густин
160 г путер
60 г шеќер во прав
3 лажици масло
1 прстофат сол
1 портокал – рендана кора, малку за вкус
За фил:
100 г мелени ореви
25 г путер
50 г шеќер
вимет и рум по вкус
Постапка:
Замесете ровко тесто и оставете го во фрижидер малку да одмори околу половина час. Измешајте ги сите состојки за филот.
Скинете мало парче од тестото, на дланката споснете го, па ставете малку фил.
Направете топче кое ќе го притиснете на некој калап.
Извадете ја формата од калапот и редете во плех.
Печете на 180 степени околу 20 минути внимавајќи да останат бели. Валајте ги во шеќер во прав.
Сoolinarika.сom