Ова е совршен рецепт за специјални пригоди или кога ви се јаде баш нешто убаво и слатко. Многу едноставно ио лесно се приготвува, па можат да ја направат и тотални почетници во кујната. Неодолива, сочна и мека, со два слоја пишкоти, а помеѓу најубавиот крем во светот. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 22х28 см): 200 г пишкоти + 150 мл млеко. ЗА КРЕМ: 5 жолчки +200 г шеќер, 300 г путер, 40 г пудинг со вкус на ванила, 70 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 400 мл млеко, За кора од белки: 5 белки, 160 г шеќер, 250 г ореви, 75 г брашно. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г млечно чоколадо, 40 г путер, 30 мл млеко. За декорација: 100 г листови од бадем




ПОСТАПКА: Пишкотите кратко натопувајте ги во млеко и редете ги на подлогата (по шест пишкоти, во два ипол реда, вкупно 15 пишкоти). Тргнете на страна додека го приготвувате кремот од жолчки.




Во подлабок сад ставете ги жолчките, додајте го шеќерот, па матете со миксерот додека тој да се растопи и смесата да се згусне. За да се обработат термички, поставете го садот врз тенџере во кое врие вода, па продолжете со матење уште 10 минути додека кремот да се свари.




Оставете да се олади, а потоа уште еднаш изматете го со миксерот. Во посебен сад пенасто изматете 300 г путер претходно исечен на парчиња и омекнат на собна температура. Потоа црпете со лажица од путерот и додавајте во кремот додека непрекинато матите. Кога целосно ќе ги соедините, тргнете го кремот настрана.




Во тенџере изешајте 40 г пудинг од ванила (3-4 кесички, проверете ја грамажата на кесичките), додајте шеќер, ванилин шеќер и млеко. Измешајте со жица-маталка додека сите состојки убаво се соединат и се paзбијат грутчињата.




Потоа ставете на оган и варете со непрекинато мешање додека да згусне како пудинг. Покријте со фолија и оставете целосно да се олади. Потоа започнете постепено да го додавате во кремот од жолчки и путер.

Имајте во предвид дека за да направите успешен крем, кога соединувате две смеси, двете треба да бидат на иста температура (жолчките со путерот, а потоа и пудингот).

Кога целосно ќе ги соедините во еден пенлив и нежен крем, половина од вкупната количина распоредете врз пишкотите и израмнете ја површината. На страна пенасто изматете ги белките, па постепено додајте го шеќерот и продолжете со матење додека да добиете цврст снег.




Во снегот од белки додајте го брашното, па нежно промешајте со шпатула. Додајте ги сечканите ореви, промешајте, па смесата излејте ја во плех обложен со хартија и тенко намастен со масло (22х28 см). Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 25 минути. Печената кора оставете да се олади, па поставете ја врз филот од ванила.




Врз кората нанесете ја втората половина од кремот и израмнете. Потоа наредете пишкоти кратко натопувани во млеко, па целата торта оставете ја во фрижидер еден час. Сите состојки за глазурата растопете ги на тивок оган или 2 минути во микробранова, па декорирајте ја тортата. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.