Home Десерти Неодолив кремаст колач со кокос… РАФАЕЛО ЗА 20 МИНУТИ…Се топи во уста…

Неодолив кремаст колач со кокос… РАФАЕЛО ЗА 20 МИНУТИ…Се топи во уста…

Неодолив кремаст колач со кокос…РАФАЕЛО ЗА 20 МИНУТИ…Се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За бисквит:
5 белки
150 г шеќер
35 г брашно
150 г незасладен кокос/кокосово брашно

За крем:
43 г пудинг од ванила (1 кесичка)
75 г шеќер
50 мл ладно млеко
5 жолчки

И уште:
450 мл млеко
75 г шеќер
За кремот:
250 г несолен путер, омекнат на собна температура
незасладен кокос (трошки/брашно) за посипување

ПОСТАПКА:

-Калап за печење со димензии 22 x 22 cm, се масло и брашно.
-Загрејте ја рерната (со вентилатор) на 180 C.
-Одделете ги жолчките од белките.

1.Пенасто изматете ги белките додека да добиете цврст снег. Постепено додајте го шеќерот и матете додека тој да се растопи. Додајте го кокосот и брашното и промешајте додека сето да се изедначи.

2.Ситепе ја смесата во намастен и набрашнет калап и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 20 минути.

3.Прашокот за пудинг помешајте го со шеќер и млеко, да нема грутчиња. Жолчките изматете ги со миксер, па додајте ја мешавината со пудинг и изедначете.

4.Остатокот од млекото (450 мл) и шеќерот ставете ги да зовријат. Потоа додајте ја смесата со пудинг и жолчки и мешајте додека да згусне. Оставете да се олади покриено со фолија.

5.Пенасто изматете го путерот, постепено додајте го оладениот крем и заедно соединете ги во нежен крем.

6.Кремот распоредете го врз печениот и оладен бисквит, а одозгора посипете кокос. Оставете во фрижидер 3-4 часа или преку ноќ. Постапката погледнете ја ОВДЕ.