Неодолив колач со мед и ореви…Брз, посен, многу вкусн, од тефтерот на баба ми…
Еве еден едноставен, брз, посен и многу вкусен рецепт за неодолив колач со мед и ореви, кој кој го најдов во тефтерот на баба ми…
Исечете го на коцки или ромбови и уживајте во вкусот! Можете да го посипете со малку мелени ореви одозгора за декорација или само со шеќер во прав.
Овој колач е посен, па е идеален за пост или за оние што избегнуваат млечни производи и јајца.
Можете да додадете суво грозје, суви кајсии или други суви или јаткасти овошја за дополнителен вкус. Наместо мед можете да употребите сируп со иста конзистенција на медот.
Брзо се прави и никој не може да му одолее. Ова е еден од омилените колачи кои ги правеше баба ми. Веднаш се изедува и речиси никогаш не останува за следниот ден. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1/2 чаша шеќер
1 чаша мед (може половина чаша кој сака помалку слатко)
1 чаша газирана вода или обична вода
1/3 чаша масло (80 мл)
2 чаши брашно тип 400
2 чаши мелени ореви
1 кесичка прашок за печиво (12 г)
шеќер во прав за посипување
НМД.мк
ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:
Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.