Потребни состојки за 1.дел:
200 г шеќер кој треба да се карамелизира
130 мл вода (15 лажици)
½ маргарин (125 г)
100 г печен сусам, смелен
200 г мелени бисквити
1 лажица мед
Кога ќе излади се прелива со глазура:
100 г чоколадо
3 лажици масло
Потребни состојки за 2.дел:
200 г шеќер
100 – 150 мл вода
Па кога ќе проврие се додава:
½ маргарин да се растопи
150 г ореви или 200 г мелен сусам
200 г бисквити
За глазура:
100 г чоколадо
3 лажици масло
Колачот можете да го правите и без глазурата што доаѓа помеѓу првиот и вториот дел.
Постапка:
Сусамот ставете го во сув сад, па на тивок оган со постојано мешање пропржете го но внимавајте да му остане бојата светло жолта. Кога ќе излади сомелете го.
Потоа 200 г шеќер ставете да се карамелизира да добие светло кафеава боја, додадете 150 мл вода и на тивок оган додека карамелот да се растопи, па додадете го маргаринот и тој да се стопи. Тргнете од оган и додадете 1 лажица мед, 100 г печен сусам и 200 г мелени бисквити.
Топлата смеса излејте ја во калап 27х19 см и израмнете. Истопете 100 г чоколадо со 3 лажици масло и прелијте одозгора. Оставете добро да излади.
Во еден сад ставете 200 г шеќер, 100 мл вода и гответе додека шеќерот да се растопи, додадете 125 г маргарин да се растопи. Тргнете од оган и додадете 200 г печен мелен сусам и 200 г мелени бисквити. Смесата изладете ја да биде млака и прелијте ја преку првиот слој.
Растопете 100 г чоколадо со 3 лажици масло и прелијте како глазура.
Деталите околу приготвувањето можете да ги погледнете во видеото: