Немам зборови со кои би го опишала овој навистина едноставен, а толку вкусен и сочен колач, кој штом го пробав ме распамети. Рецепт и видео презентација: „Слатките на Наташа” – едноставен, сочен и најдобар колач со ореви. Еве што ви е потребно:
Кој и да го проба не може да се сопре на едно парче, мораш и второ да изедеш… а толку е едноставен за приготвување и со задоволство ви го препорачувам.
Потребни состојки: 1 јајце, 180 г шеќер, 100 мл масло, 200 мл млеко, 50 г мелени ореви, 150 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер
За крем: 125 г маргарин, 100 г чоколадо за готвење, 250 мл млеко, 8 лажици шеќер, 230 г мелени ореви, мелени ореви за декорација- по желба
Постапка: во длабок сад ставете едно јајце и измешано брашно со прашок за печиво (150 г брашно + 1 пзп). Потоа додајте 180 г шеќер, 200 мл млеко, 100 мл масло, 1 кесичка ванилин шеќер и 50 г мелени ореви.
Сите состојки соединете ги со миксер додека да добиете мазна смеса без грутчиња. Калапот со димензии 21х24 см намастете го и наросете го со брашно, а вишокот истресете го.
Потоа во него излејте го тестото и распордете го. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути.
За крем: Во тенџере ставете 125 г маргарин (половина коцка) исечен на помали парчиња, 100 г чоколадо искршено на коцки, 250 мл млеко и 8 лажици шеќер. Состојките ставете ги на умерен оган да се варат додека да се растопат и соединат.
Кога ќе зоврие тргнете го садот настрана и додајте 230 г мелени ореви. Промешајте да се изедначи смесата. Топлиот крем веднаш излејте го врз печениот колач, рамномерно распоредете го и оставете го да се олади.
Пред да го сечете, по желба колачот можете да го наросите со мелени ореви. Целата постапка со деталите од приготвувањето, можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „БЕЗ МИКСЕР: Направете совршен гриз колач со ореви, има неодолив вкус“ – ОВДЕ.
БЕЗ МИКСЕР: Направете совршен гриз колач со ореви, има неодолив вкус