Home Десерти Нема подобар од ДОМАШНИОТ ЈАФА КОЛАЧ…Прсти да излижеш…Колач со вкус на портокал

Нема подобар од ДОМАШНИОТ ЈАФА КОЛАЧ…Прсти да излижеш…Колач со вкус на портокал

Нема подобар од ДОМАШНИОТ ЈАФА КОЛАЧ…Прсти да излижеш…Колач со вкус на портокал…Еве што ви е потребно за да го приготвите овој вкусен десерт:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

– 3 јајца
– 15 лажици шеќер
– 10 лажици млеко
– 12 лажици масло
– 15 лажици брашно
– ½ прашок за пециво

За премачкување:
– 350 мл цеден сок од портокал, загреан
– 2 кесички желатин, растворени во вода и набабрени
– 3-5 лажици шеќер
– 5 лажици џем од кајсии

За глазура:
– 100 г чоколадо
– 100 г маргарин
– 4 лажици масло

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека да станат кремасти, па додајте ги сите преостанати состојки. Измешајте со лажица додека смесата да се изедначи и сипете ја во плех обложен со хартија. Печете 10-тина минути во загреана рерна на 200 степени.

Печената кора префрлете ја во друг плех и отстранете ја хартијата. Премачкјате ја со џем од кајсии. Во топлиот сок додајте шеќер и набабрен желатин, па промешајте додека сето да се раствори. Прелијте го колачот и оставете го во фрижидер 1 час.

За поубаво да го прими преливот, бисквитот избоцкајте го на повеќе места. Оладениот колач прелијте го со чоколадна глазура. Оставете да се стегне 10-тина минути, па послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.