Еден од најголемите здравствени проблеми со кои мажите се среќаваат се тегобите со простата. Тие можат да бидат со различен карактер, јачина и облик.
Речиси секој втор маж постар од 45 години има проблем со простата а голема е веројатноста дека секој ќе се соочи со овој проблем доколку доживее длабока старост. Во последно време таа старосна граница се повеќе се поместува.
Простата е мускулен орган со големина на орев кој со еден дел прстенесто го затвора мокрачниот канал. Неговата функција е продукција на секрет кој ги пренесува сперматозоидите.
Како стареат мажите често доаѓа до различни проблеми со простатата а најчестите се нејзино зголмување, акутно и хронично воспаление а се почест е и ракот на простата. Овој рак на простата е најчестиот вид рак покрај оној на белите дробови.
Некои од тегобите со кои се соочуваат мажите се: зачестено мокрење, неможност за целосно измокрување, ноќно мокрење, општа слабост, студенило и болки во долниот дел на грбот и гениталиите, проблем со ерекција, проблем со ејакулација и др.
Природната медицина за оваа состојба има повеќе начини за лекување од кои најзастапен е користењето сок и чај од брусница, како и семки и масло од тиква.
Сепак, овде ќе ве запознаеме со најсилното оружје од природата, а тоа е тревата која се нарекува Врбовка (Млечика)- Epilobium parviflorum.
Билката успева во нашите краишта а можете да ја пронајдете и во билните аптеки.
Врбовката и нејзината примена е позната неколку стотици години но со текот на времето полека била заборавена. Повторно ја актуелизирала прочуената треварка од Австрија Марија Требен, чии што книги се продадени во преку 10 милиони примероци.
Марија Требен лично излекувала илјадници пациенти со проблем на простата широм Европа користејќи ја исклучиво оваа билка.
Што е потребно и како да се подготви чајот за простата – РЕЦЕПТ:
Постојат повеќе видови врбовка кои се лековити и можат да се користат за лекување простата:
-розева врбовка (Epilobium roseum)
-ситно цветна врбовка (Epilobium parviflorium)
-планинска врбовка (Epilobium montanum)
-темнозелена врбовка (Epilobium obscurum)
-грмушеста врбовка (Epilobium collinum)
-алпска врбовка (Epilobium anagallidifolium)
Полна лажица исушена или свежа билка се попарува со 200 мл врела вода. Се остава да отстои 5-10 минути, се процедува и се пие.
Чајот се пие двапати на ден и тоа наутро на гладно и навечер пред спиење, во времетраење од неколку недели додека да исчезнат тегобите.
Чајот се користи кај сите проблеми со простата и дава одлични резултати. Марија Требен со голем успех лекувала воспаление на простата и мочен меур, проблеми со мокрењето предизвикани од простата, крварење во мокрача, тегоби и болки во простатата, меурот и бубрезите, рак на простата и рак на мочен меур.
Интересно е да се наведе и тоа дека Врбовката како најдобар лек за простата се споменува на сите континенти, култури и јазици што доволно говори за нејзиното универзално препознавање и успех.
Чајот има пријатен вкус, билката не е опасна и не мора да се грижите за нуспојави. Нема потреба од зголемување на дозата, значи две чаши чај на ден од 200 мл.