Лапни голтни – слатко задоволство!
Потребни состојки:
500 мл млеко
300 г шеќер
8 лажици густин
125 г путер
250 г кокос
Бадеми или лешница, по желба
Постапка:
Густинот разматете го со малку млеко, а остатокот сварете го со шеќер и ванилин шеќер.
Додадете со постојано мешање додека да згусне.
Кога ќе излади додадете изматен путер и кокос.
Обликувајте топчиња, во средината ставете бадем или лешник.
Потоа валкајте ги во кокос и ставете ги во фрижидер малку да се стегнат.