Цинкот е минерал кој учествува во изградба на различни делови од телото, вклучувајќи ги коските, сврзното ткиво, мозокот, очите, косата, кожата, простатата, црниот дроб и бубрезите …
Учествува во правилното функционирање на имунолошкиот систем, во производството на колаген, во процесот на заздравување на раните и созревање на сперматозоидите.
Многу луѓе страдаат од недостаток на цинк а не се свесни за тоа. Дефицитот може да предизвика неколку негативни симптоми, па затоа е препорачливо да ги знаете …
-Губење на косата
-Ненадејно губење на тежината
-Бавно зараснување на рани
-Хронични инфекции
-Депресија
-Акни
-Оштетена и сува коса
-Кршливи нокти
-Висок холестерол
-Намален вид
-Намален број на сперматозоиди
Ако забележите еден или повеќе од овие симптоми, обидете се да го зголемите внесот на следниве намирници:
-говедско месо
-јајца
-пилешко
-риба
-мешунки
-семиња (тиква, сусам, сончоглед)
-јаткасти плодови (бадеми, ореви)
-моркси плодови, школки.
Понекогаш организмот има потешкотии за да го апсорбира цинкот, без разлика колку често и во која количина го консумирате преку храна или со додатоци. Затоа експертите советуваат да се зголеми внесот на витамин А и Д за да се поттикне апсорпцијата на цинк.
Откако телото ќе се снабди со доволна количина на цинк, ќе ги забележите следните промени:
-Поздрава коса, кожа и подобар вид
-Подобра функција на имунолошкиот систем
-Побрзо заздравување на раните
-Подобри перформанси на дигестивниот систем
-Намалување на хронични воспаленија
-Намалување на симптомите од хронични болести.
ПДД (препорачана дневна доза):
-возрасни 15мг
-бремени жени 30мг
Цинкот е минерал што учествува во синтезата на ДНК и РНК, генетски материјал што управува со растењето, делбата и активноста на клетките.
Во многу белковини, ензими, хормони и материи слични на хормоните-простогланиди, цинкот учествува во низа физички процеси:
-растењето и развојот на коските
-клеточно дишење
-метаболизам на енергијата
–зараснување на раните
-способност на црниот дроб да ги отстрани токсините од организмот
-влијае врз активноста на имунолошкиот систем
-го регулира срцевиот ритам и крвниот притисок.
Соодветното внесување на цинк:
-го засилува сетилото за вкус
-го зачувува здравјето на косата и кожата
-го јакне репродуктивниот систем
-ја подобрува концентрацијата
Како средство против воспаление, цинкот понекогаш се употребува:
-за лекување акни
-ревматски артритис и
-простатитис
Со внесувањето доволни количества цинк се зголемува отпорноста од инфекции, особено кај старите луѓе и се забрзува зараснувањето на раните.
Цинкот најлесно се добива од:
-немасно млеко
-плодови од морето
-јајцата
-сојата
-кикиритките
-пченичните никулци
-сирењето
-остригите
ПРВ ЗНАК што предупредува најчесто е губењето на сетилото за вкус. Други симптоми се:
-паѓање на косата
-губење на сјајот на косата
-бели дамки на ноктите
-дерматитис
-губење на апетитот
-замор
-бавно зараснување на раните
Кај децата недостигот на цинк може да предизвика заостанување во растењето и во половиот развој на момчето.
Од друга страна, секојдневното внесување големи количества цинк може да го ослабне имунолошкиот систем и да предизвика:
-мачнина
-главоболки
-повраќање
-недостиг на вода во организмот
-болки во желудникот
-лоша координација на мускулите
-замор
-и запирање на работата на бубрезите.
Експертите препорачуваат зголемување на нивото на цинк со пообилно јадење храна богата со цинк или внесување додатоци со повеќе хранливи материи, на пример, цинк целат, цинк пиколинат или цинк аспартат. Тоа се три облици што најлесно се апсорбираат.
Ако цинкот го внесувате подолго од три до шест месеци при лекување хронични болести, многу е важно да се посоветувате со нутриционист за да се избегне нерамнотежата во соодносот на минералите.
Најчестиот облик за надворешна употреба е цинковата маст што содржи цинк оксид, а е полезна при кожни нарушувања, изгореници и други рани.
-Овој хемиски елемент ни е потребен секојдневно во мали количини за да бидеме здрави и за да може организмот да функционира како што треба.
Цинкот природно може да се најде во одредени видови храна, како додаток на друга храна, но и како диететски суплемент. Тој е одговорен за бројни функции во човековиот организам и помага во стимулирање на активноста на околу 100 различни ензими. Ниското ниво на цинк во организмот ни го нарушува имунолошкиот систем и не прави подложни на болести. Овој хемиски елемент потребен ни е секојдневно во помали количини за да останеме здрави и за да може организмот да функционира како што треба.
Цинкот му помага на телото на различни начини, тој асистира во: создавање на хормони, раст и закрепнување, подобрување на имунитетот и олеснување на варењето. Исто така, како антиоксиданс во телото се бори против штетите кои во организмот ги предизвикуваат слободните радикали. Неопходен ни е поради хормонална рамнотежа, бидејќи доколку имаме и најмал недостиг на цинк, се зголемува можноста од неплодност или дијабетес.
Без доволно цинк во исхраната, можно е да почувствуваме негативни ефекти како што се: често разболување, поголемо чувство на замор и слабост, лоша концентрација, успорен раст и неспособност на телото да ги излекува раните.
Недостигот на цинк е честа појава ширум светот и почесто се јавува кај луѓето кои не јадат доволно храна која го содржи овој елемент или кај луѓе кои имаат проблем со апсорпција на цинк, поради проблеми со дигестијата.
Најмногу цинкот може да се најде во храна богата со протеини, особено во протеините од животинско потекло, риба или млечни производи. Исто така, може да се најде во мешунките и житариците, но не е еднаква апсорпцијата како што е случај со месото.
Истражувањата покажуваат дека во западните земји во кои повеќе се јадат јаглени хидрати, има поголем број луѓе кои патат од недостиг на цинк. Најголем ризик од недостиг на цинк имаат оние кои повеќе јадат растителна храна, значи веганите и вегетаријанците, оние кои имаат проблем со дигестијата, а се верува дека и жените кои пијат контрацептивни пилули или кои се на хормонална терапија, може да имаат зголемен ризик од недостиг на цинк.
Најголема корист од цинкот:
1.Регулирање на имунолошкиот систем
Според Европското имунолошко списание, на човековото тело му е потребен цинкот за да се активираат (Т) клетките кои му помагаат на телото на два начини, во регулирање и контролирање на одговорот на имунолошкиот систем и во нападот на заразените канцерогени клетки. Недостигот на цинк може значително да го влоши функционирањето на имунолошкиот систем.
2.Помош при учењето и памтењето
Истражувањето кое било спроведено на Универзитетот во Торонто и објавено во списанието „Неурон“ покажало дека цинкот има клучна улога во регулирањето на тоа како невроните комуницираат меѓусебно и влијаат врз формирањето на памтењето додека учиме.
3.Лекување на настинки
Консумирањето на цинкот како додаток во исхраната помага во намалување на должината и интензитетот на обичната настинка кај здрави лица, доколку цинкот се земе во рок од 24 часа од појавувањето на првите симптоми на настинката.
4.Лекување рани
Цинкот игра значајна улога во одржувањето на структурата на кожата, па кај пациентите кај кои хронично се јавуваат рани и чиреви откриено е дека имаат недостиг на цинк и затоа им се препорачува да го зголемат внесот, надворешно преку аплицирање на кожа или преку суплементи и исхрана.
5.Ги балансира хормоните
Уште една улога на цинкот е балансирање на хормоните, вклучително и на инсулинот, главниот хормон кој е вклучен во регулација на шеќерот во крвта. Цинкот е корисен за шеќер во крвта бидејќи се спојува со инсулинот, кој адекватно се складишти во панкреасот и се ослободува кога гликозата ќе навлезе во крвотокот.
6.Го одржува здравјето на срцето и ги зајакнува крвните садови
Цинкот е потребен и за регулација на здравјето на клетките во рамките на кардиоваскуларниот систем, додека истовремено ги намалува воспаленијата и оскидативниот стрес. Ендотелот, тенкиот слој на клетките со кои се обложени ѕидовите на крвните садови, делумно се потпира на доволна количина цинк.
Цинкот помага во одржување на здравјето на срцето, поддржувајќи здрава циркулација, со оглед на тоа дека помага како природен лек за висок притисок.