НЕБЕСЕН КОЛАЧ…Многу брзо се приготвува, а уште побрзо се јаде…Многу вкусен и лесен десерт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Потребни состојки за бисквит:
6 белки,
6 лажици шеќер,
4 лажици брашно,
14 лажици кокосово брашно
Се матат белките со шеќерот во цврст снег, се вмешуваат брашното и кокосот, а смесата се пече на 180 степени 15-20 мин.
За прелив од вишни:
680 г вишни (или 1 тегла),
1 кесичка пудинг од ванила,
3 лажици шеќер.
Во сокот од теглата сварете го пудингот и на крај додајте ги вишните. Сипете врз оладениот бисквит.
За крем:
2 кесички пудинг од ванила,
4 лажици шеќер,
750 мл млеко,
500 мл шлаг.
Сварете го пудингот и кога ќе се олади соединете го со претходно изматениот шлаг.
За чоколадна глазура растопете:
100 г чоколадо за готвење,
50 г путер (или маргарин).
ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ: