Потребни состојки:
8 белки
350 г шеќер
200 г мелени ореви
за фил:
8 жолчки
8 лажици шеќер
20 г брашно
200 г путер
80 г црно чоколадо
1 лажичка нес-кафе во прав
за глазура:
100 г слатка павлака, млечна
100 г чоколадо
Постапка:
Вклучете ја рерната на 250 степени.
Белките добро изматете ги со шеќер кој треба да се додава постепено. Во изматениот снег од белки додадете ореви и полека промешајте ги и соединете ги додека смесата да се изедначи.
Истурете во плех од рерна, мојот е 40х40, претходно обложен со хартија и печете во загреаната рерна. Веднаш намалете на 180 степени, а после 10 минути намалете на 150 степени и печете уште 30 минути, па намалете на 100 степени и печете уште 15 минути (вкупно 55 минути).
Печената кора кратко изладете ја во рерна со подотворена врата, па извадете ја заедно со хартијата врз даска за целосно да излади.
За фил изматете ги жолчките со шеќер и брашно па гответе ги на пареа додека да се гуснат (најдобро во сад за готвење млеко, со двојно дно).
Кога филот е доволно густ, тргнете од оган, додадете нес-кафе и чоколадо, промешајте и оставете филот да излади.
Во изладениот фил додадете пенасто изматен путер. Сето заедно промешајте и филувајте ги корите.
Големата кора се дели на 4 еднакви делови и потоа се филуваат со кремот. Последната кора само тенко одозгора, а целата торта одоколу богато премачкајте ја со фил.
Направете глазура од чоколадо и слатка павлака и додека е полутечна прелијте ја одозгора и оставете слободно да тече низ тортата.
Декорирајте по желба.
Тортата е бомба, убаво крцкава, богата, многу вкусна, силна и секако ова е торта која долго се памти.
Се добива мала торта 20х20 што одговара и за тркалезен калап 33. За поголема кора дуплирајте ги состојките и печете две големи кори, па поделете ги на половина за добиете 4 кори со димензија 40х20 см.