Сега е вистинско време да се подготви овој лек за зајакнување на имунитетот кој ќе ве заштити од настинки и вирози. Оваа смеса е чудо, штом залади направете ја за да бидете заштитени. Фото и рецепт na Зорка Јанчева.




Потребни состојки: 1 кг свеж корен од ѓумбир, 1 кг мед или по вкус, 4 големи и сочни лимони. Постапка: lимоните убаво измијте ги и оставете ги во вода со малку сода бикрбона. Потоа истријте ги добро и исплакнете ги под млаз ладна вода. Исечете ги на тркалца за полесно да им се извадат семките.




Потоа исечете го на и на поситни парчиња, па убаво сомелете го во блендер, да добиете каша. Ѓумбирот исто така измијте го убаво, па излупете го и сомелете го. Мелените лимон и ѓумбир соединете ги со медот и убаво промешајте за да добиете изедначена смеса.




Складирајте во стерилизирани стаклени тегли и чувајте во фрижидер. Употреба: Секое утро на гладен стомак по една супена лажица. Многу е вкусно и убаво, го загрева телото и му дава полетна енергија. Бидете здрави! Следниот рецепт е препорачан од лекар:




Сувите кајсии помагаат при анемични состојби бидејќи се одличен извор на железо и помагаат во врзувањето на хемоглобинот, што посебно е значајно за жените за време на менструален циклус.

Исто така лекуваат констипација бидејќи содржат целулоза и пектин. Го регулираат правилното варење на храната во стомакот, а посебно се лековити доколку се кон-сумираат пред оброк.




Во комбинација со мед, сувите кајсии го зголемуваат своето лековито дејство кое помага во намалување на жедта и лекување на треска. Одлични се за кожни проблеми бидејќи ја чистат кожата.

Потребни состојки: 4 лимони (со се кора), 400 г мед, 200 г мелени ореви, 200 г суво грозје, 200 г суви кајсии. Постапка: Измијте ги лимоните добро заедно со кората, доколку е органска.




Ако лимоните сте ги купиле од супермаркет или друго место и се прскани со пестициди, тогаш измијте ги и оставете ги да отстојат во сад со вода и сода бикарбона. По изминатото време, извадете ги семките од лимоните, а потоа изблендирајте ги.




Во блендерот додајте ги оревите, сувото грозјето и сувите кајсии и повторно изблендирајте ја смесата. На крајот додајте го медот и соединете ги сите состојки. Смесата складирајте ја во тегла, затворете ја и оставете ја да отстои 2 часа на собна температура, а потоа чувајте ја во фрижидер.

Кон-сумирајте двапати на ден по една лажица, наутро и навечер, половина час пред оброк. Терапијата трае еден месец, а потоа направете пауза.




СИРУП ОД СУВО ОВОШЈЕ – Сувото овошје содржи антиоксиданти, лесно сварливи влакна и витамини. Оревите се богати со антиоксиданти, но и омега-3 масни киселини. Лимонот има огромни количини на витамин Ц. Медот штити од инфекции, а и ги лекува.

РЕЦЕПТ – Сомелете во блендер 300 г суви кајсии, 300 г суво грозје, 300 г сечкани ореви и 3 лимони со кора. Додајте лажица мед. Една супена лажица од овој лек дневно треба да кон-сумираат возрасните, а децата по една кафена лажичка дневно.




Лекарски рецепт за лековита смеса која го јакне имунитетот – се јаде по една лажица наутро. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г кикирики, 100 г ореви, 100 г бадеми, 100 г лешници, 100 г сусам, 100 г кокосово брашно, 100 г сончогледови семки, 100 г семки од тиква, 100 г ленено семе, 100 г суво згозје, 100 г суви смокви.

Други потребни состојки: 100 г суви сливи, 100 г суви кајсии, 2 бразилски оревчиња, сок од 2 лимони, 1 кг ливадски мед природен и кристализиран како карамел (само природните кристализираат на ваков начин, а во вештачки произведените со додаден шеќер, нема да се случи ова.




ПОСТАПКА: Сите јатки сомелете ги во блендер. Потоа, ставајте 3 цм од смесата во тегла, па прелијте со малку лимон и додајте малку мед, па вака повторувајте во нивоа. Ако ги измешате сите состојки во голем сад, многу тешко е за мешање, па затоа ова ми е многу поедноставен начин, а сепак ефикасен.

Јас смесата ја приготвувам во голема тегла за зимница, а потоа си вадам во помали теглички за полесно чување во фрижидер. Вие одберете на кој начин начин сакате да ја подготвите, важно е сите состојки да се содржани и измешани.

Се користи во континуитет од 2-3 месеци, секое утро по една супена лажица пред појадок. Во период на терапијата, мора да се одбегнува кон-сумирање на газирани пијалаци, кафе, а сè друго е дозволено во умерени граници.