Не заборавајте да си го направите најубавиот сок од босилек за в зима…Многу вкусен и лесен за подготовка…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 китки босилек
2 лимони
16 чаши вода (3.200 мл)
1.5 чаша шеќер (300 г) – јас ставив помалку

ПОСТАПКА:

1.Во длабоко тенџере ставете ги босилекот, лимонот исечен на тркалца и водата. Доведете до вриење, па намалете ја температурата и варете 5 минути. Промешајте и ставете подотворен капак.

2.Потоа ставете го шеќерот и варете 2 минути. Промешајте за да се раствори шеќерот. Процедете го сокот и истискајте убаво за да излезе што повеќе сок.

3.Сокот складирајте го во топли тегли (ако во меѓувреме се оладил при процедувањето, повторно загрејте го). Во секоја тегла ставете парче лимон и цврсто затворете со нов капак.

4.Превртете ги теглите за да се вакуумираат и оставете ги да се оладат 8-10 часа. Потоа складирајте ги во темна и ладна просторија. Сокот има рок од повеќе од 1 година без да се расипе.

Откако ќе се отвори теглата (или шишето), сокот испијте го во рок од 3-4 дена и чувајте го во фрижидер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/AJYyHQT6xvY?si=DUldZ76vty75LwqY