Ако сметате дека сте претерале со килограмите и сте ја поминале границата на она што значи „нормална телесна тежина“ според вашата висина, пол и возраст, па поради тоа сакате да ослабете, а немате време за вежбање, тогаш обидете се со овој чај.
Тајната на овој напиток е следна: го поттикнува успорениот метаболизам да се забрза, а на тој начин многу побрзо се обавуваат функциите и размената на материите, побрзо се согоруваат калориите и се топи, односно намалува масното ткиво.
Не е важно дали нешто работите или едноставно си седите на каучот и додека ја гледате вашата омилена серија, го пиете и овој чај. Ќе се согоруваат калориите без разлика на тоа каде сте и што правите.
Циметот и медот во овој вкусен напиток имаат антибактериски, антиинфламаторни својства, но оваа комбинација поседува уште многу други корисни својства за кои веќе имаме многу пишувано и читателите на НМД се запознати.
Овој (првиот) напиток можете да го комбинирате со вториот рецепт кој ќе го прочитате во продолжение, за да го засилите дејството и намалувањето на килогpамите да биде уште поуспешно.
ПРВ РЕЦЕПТ – Потребни состојки: 2 лажички мед, 1 лажичка цимет, 500 мл вода, сок од 1 лимон.
Постапка: ставете ја водата на оган да зоврое, па додајте го циметот. Веднаш тргнете го садот од оган и поклопете додека се лади. Кога напитокот доволно ќе се олади (да биде млак, но не и ладен), додајте го медот и лимоновиот сок, па промешајте за да се растопи.
Овој напиток се пие млак, но никако врел или ладен, бидејќи ако го додадете медот во врела вода, тогаш ќе ги изгуби своите лековити својства, а тоа не сакаме да ни се случи, зар не… Овој напиток се пие наутро на гладен стомак.
ВТОР РЕЦЕПТ – Потребни состојки: 500 мл вода, 1 грст ситно сечкан свеж магдонос, 1 супена лажица зелен чај, 6 ловорови листови, 1 стапче цимет, 1 прстофат ѓумбир во прав и 1 лимон
Постапка: Се подготвува чај на вообичаен начин, но мора да се внимава при додавањето на зелениот чај. Имено, тој не се додава во многу врела вода, туку во топла.
Во сад се вари 500 мл вода и откако ке зоврие се става магдоносот (не се препорачува за лица со низок притисок) и ловоровите листови и циметот. Оставете поклопено 10-тина минути, па додајте го зелениот чај во прав.
Сите овие билки се оставаат да отстојат уште 10-тина минути, поклопено. Потоа, во оваа смеса се додава на врвот на лажиче ѓумбир во прав и кога сосем ќе се излади може да се додаде и сок од 1 лимон.
Се процедува и се пие по една шолја наутро и навечер. После 7 дена секојдневна консумација се прави пауза од 2-3 дена, па се повторува со истиот редослед (7 дена консумација и 2-3 дена пауза).
Секако, не заборавајте на контраиндикациите ако сте осетливи на некоја од состојките и да се советувате со вашиот лекар или нутриционист.