Отсекогаш сум ги сакала непечените колачи поради тоа што имаат многу кремаста структура и се многу вкусни. Покрај тоа не вклучувате рерна и ги правите за брзо. Неодамна го пронајдов рецептот на Валентина кој се прави од пишкоти, јафа кекси и крем бананчиња. Сите најубави работи се на едно место, затоа овој колач е еден од најпосакуваните, кој има богат вкус. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ФИЛОТ (ПРВ РЕЦЕПТ): 1 литар млеко, 4 пудинзи од ванила, 12 лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 250 г путер или маргарин, 200 г слатка павлака, 10-12 парчиња крем банани, 250 г пишкоти, 150-200 г јафа кекси (ресани), 250 мл млеко, 300 г слатка павлака за декорација.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 350 г мелени бисквити, 200 г мелени ореви, 250 г путер/маргарин, 200 г шеќер и 1 поголема кутија пишкоти. ЗА КРЕМ: 2 пудинзи од ванила, 2 лажици брашно, 2 лажици густин, 10 лажици шеќер, 1 литар млеко, 250 г путер/маргарин, 6 банани и 500 мл слатка павлака за шлаг.

ВТОР РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во еден подлабок сад се истресуваат 4 кесички од пудингот од ванила. Во истиот сад се излева 200 до 250 мл млеко и убаво се меша за да се соедини со пудингот. Остокот од млекото (750-800 мл) излејте го во тенџере, да зоврие.




Во меѓувреме во тенџерето додајте 10 до 12 лажици шеќер во зависност од тоа колку преферирате благо. Измешајте го шеќерот во млекото, додека малку да се растопи во млекото. Пред млекото да зоврие намалете ја температурата на ринглата и го додавате измешаниот пудинг со млекото.




Со повремено мешање додека се зготви цело време мешате со жица/маталка. Потребно е да се формира пудинг со фина текстура, без грутчиња и со погуста конзистентност. Откако ќе се свари пудингот се префрла во сад и се покрива со проѕирна фолија, да не фати коричка.

Во посебен сад се додава омекнат 250 г путер или маргарин и се миксира со миксер пенасто. Додека го матите путерот/маргаринот, постепно додавајте од оладениот пудинг и со миксерот соединувајте додека да се добие фин крем. Потоа се додава 200 г изматена слатка павлака или шлаг, претходно изматена во цврст снег.




Сето тоа се соединува заедно со миксер. Во филот се додаваат и крем бананите кои треба да бидат исечкани на помали парчиња и се соединуваат со мешање со шпатула. Во плех или калап се редат пишкотите, претходно натопени во млако млеко. Плехот може да биде со големина по ваша желба.




Откако ќе се наредат врз пишкотите се премачкува со половина од кремот, па врз него се редат ресани (јафа кекси) исто така претходно натопени во млеко. Потоа се додава и остатокот од кремот и се става во фрижидер на неколку часа додека да се стегне. По ладењето, колачот може да го декорирате со шлаг или по ваша желба.

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Прво во еден сад измешајте ги оревите, бисквитите, шеќерот и растопениот путер. Смесата ставете ја во фрижидер за малку да се стегне, а потоа поделете ја на два еднакви делови. Едниот дел распоредете го на дното од калапот за торти и убаво со рака притиснете го за да добиете основа.




Со вториот дел направете го истото, но преку фолија за да можете подоцна да го пренесете на врвот од тортата. ЗА КРЕМ: Измешајте го пудингот со шеќерот, брашното и густинот со малку млеко, а остатокот ставете го на оган.

Кога ќе зоврие додајте ја смесата и мешајте постојано додека да се згусне. Кремот тргнете го настрана за да се олади. Во изладениот крем кој повремено го промешувавте за да не фати коричка, додајте пенасто изматен путер и соединете ги.

ВТОР РЕЦЕПТ

Врз основата во калапот ставете една четвртина од кремот, врз него пишкоти кратко натопени во млеко, повторно дел крем, па банани исечени на тркалца, па повторно крем, па повторно ред пишкоти, последниот дел од кремот и на крај кората што ја формиравте со фолија.

Тортата е најдобро ако преноќи во фрижидер, па потоа да се тргне обрачот од калапот, да се премачка целата торта со шлаг и да се украси по желба. /Сооlinarika.сom/ Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете ОВДЕ.