Тиквичките сами по себе се многу вкусни, но ако во нив додадете и друг зеленчук заедно со ориз, ќе добиете многу лесно, а вкусно јадење кој секој го обожава. Особено кога надвор температурите се многу високи, никој не сака да поминува премногу време покрај шпоретот.
Ваквите лесни јадење секогаш се првиот избор во текот на летото. Тиквичките сè уште се актуелни, а од нив може да се приготват најразлични јадења како што се мусака, ќофтиња, плескавици, сармички..
Но, ако тиквичките ги помешате со ориз и додадете малку разновиден зеленчук, ќе направите едноставно и лесно јадење на кое никој не ќе може да му одолее, а толку просто се приготвува, што секому му успева буквално од првпат. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 главица кромид, 1 морков, 1 тиквичка, 1 чаша измиен ориз. ЗА ПРИЛОГ: 1 главица кромид, 300 г печурки, 1 чаша доматно пире. Ова се основните состојки, а доколку сакате ова јадење можете да го збогатите и со друг разновиден зеленчук кој ви е при рака. Се зачинува, исто така, по вкус.
ПОСТАПКА: Една главица кромид излупете ја и ситно исечкајте ја. Во нелеплива тава ставете да се загрева малку масло на умерена температура, па запржете го кромидот неколку минути колку да омекне и застакли.
Во меѓувреме излупете го и изрендајте го морковот, па додајте ги и него во кромидот. промешајте и динстајте го зеленчукот на тивко. За тоа време измијте ја тиквичката и исечкајте ја мали коцкички (со големина на залак, или половина залак).
Тиквичките додајте ги во динстаниот зеленчук и продолжете да ги пржите на тивко со повремено промешување. Посолете и зачинете по вкус. Потоа додајте една чаша ориз, претходно измиен со ладна вода (или неколкупати, додека да се појави бистра вода). Промешајте и додајте вода, до нивото на зеленчукот.
Поклопете и гответе 25 минути на ниска до умерена температура или додека оризот да се свари. Настрана ситно исечкјате ја втората главица кромид и печурките.
Запржете го ситно кромидот, а потоа додајте ги печурките и динстајте ги 10-тина минути. Додајте го доматното пире, зачинете по вкус и промешајте. Послужете од двете јадења во чинијата. Деталите погледнете ги ОВДЕ.