Иако многумина ги фрлаат семките од лубеница, тоа е погрешно, бидејќи токму тие се вистинска ризница од лековити состојки, одлични за нашето здравје. Богати се со магнезиум, железо и фолна киселина, па од нив може да се направат здрави грицки и закуска за меѓуоброк.
СОЛЕНИ/СЛАТКИ СЕМКИ ЗА ГРИЦКАЊЕ: Потребни состојки: семки од лубеница, 100 мл вода и една лажичка сол или шеќер/мед. Постапка: семките измијте ги под млаз ладна вода, процедете ги.
Потоа пропржете ги во сува тава, на умерена температура, околу 10 минути, додека започнат да мирисаат, но не смеат да се препржат. Шеќерот или солта растворете ја во водата и залијте ги семките во тавата.
Продолжете со пржење додека водата целосно да испари, а солта или шеќерот остане зафатена на семките. Оставете ги семките убаво да се оладат, најдобро врз хартија во еден слој, па грицкајте ги по желба.
Семките од лубеница содржат диететски влакна неопходни за нормална работа на дигестивниот систем, помагаат во случај на појава на цревни паразити, како и во лекувањето на заболените од жолтица, водена болест и разни воспаленија во организмот.
Семките од лубеница содржат супстанција цитрулин која делува како антиоксидант, го поттикнува ширењето на кр-вните садови (вазодилатација), па затоа поволно делуваат во случај на артериосклероза, хипертензија (висок кр-вен притисок), ангина пекторис и ерек-тилна дисфинк-ција кај мажите.
Чајот приготвен од семете од лубеница е еден од најдобрите лекови за чистење на бубрезите и мочниот меур. Еве како се прави: се користат четири лажици исклучиво свежи семки од лубеница кои претходно биле сомелени или исечкани во блендер.
Се варат 15 минути во 2 литри вода откако ќе зоврие водата. Оваа количина потребно е да се распореди во текот на денот и да се испие во текот на целиот ден. Следниот ден се повторува постапката (се пие непрекинато два дена), а третиот ден се прави пауза.
Потоа се повторува отпочеток и на тој начин процесот се продолжува неколку недели во исти интервали: два дена се пие чајот од семки од лубеница, а третиот ден се прави пауза. Семките од лубеница го јакнат срцето, но и сите други мускули во организмот.
Употребата на овие семиња, или во форма на чај или испечени како грицки, исто така се препорачува за подобрување на памтењето и концентрацијата, па дури и за сјај и убавина на кожата.
Семето од лубеница е одлично средство, како и самата лубеница за зајакнување на ли-бидото и потен-цијата кај мажите. Чајот од ова семе се препорачува и за дијабетичари како средство за третирање на дијабетес тип 2.
Семето од лубеница е одличен извор на магнезиум, железо, витамини А, Б, Ц, антиоксиданти, калциум, калиум, манган и ниацин. Еве како да ги сочувате семките за кон-сумација:
Најпрво измијте ги убаво под млаз ладна вода. Процедете ги и наредете ги на памучна ткаенина и оставете ги да се исушат на сонце најмалку една недела. Проверувајте ги и превртувајте ги доколку е потребно.
Треба да бидат наредени во еден ред и да не се поклопуваат едни врз други. Потоа можете да ги мелете и да ги додавате во разни сокови или смуди. Можете да ги јадете како грицки (имаат вкус сличен на сончогледовите семки), а може да ги додавате и во разни салати.
ЧАЈ ОД СУВИ СЕМКИ: Сомелете една лажица суви семки од лубеница и прелијте ги со 250 мл зовриена вода. На многу тивко гответе уште 15 минути, а потоа оставете да се излади.
Процедете и пијте барем по една чаша од овој напиток на ден, трипати седмично за да ги почувствувате неговите корисни својства. СОВЕТ: Овој чај секогаш свежо се приготвува пред употреба.