Постојат намирници кои се јадат без кора, а некои мора да се излупат. Дали намирниците се поздрави доколку се конcyмираат со нивната кора, е прашање околу кое има несогласувања дури и меѓу научните кругови.
Додека во последно време слушаме за здравствените бенефити на компирот сварен заедно со неговата лушпа, како и поќекратните бенефити од кората на бананата, сепак постојат некои намирници кои никако не можеме да ги јадеме со нивната кора или лушпа.
Една од овие намирници е и величенствениот орев, но доколку ги фрлате лушпите од ова јаткасто овошје, бидете сигурни дека правите голема грешка. Имено, според некои извори, оваа лушпа нашите предци ја користеле како „лек“ уште многу одамна.
Од лушпата приготвувале напитоци кои помагале за подобро заспивање, а особено кај луѓе со анкcиозност, кои имаат проблем со нecoница. Овие проблеми ги решавале и тоа доста успешно благодарение на овој јаткаст плод.
Како се приготвува традиционалниот народен лек за нecoница од оревови лушпи? Всушност, подготовката е многу едноставна. Добро измиената лушпа од орев потребно е да се прелие со чаша млеко и да се готви на тивок оган 20-25 минути.
Процедениот пијалак треба да се испие непосредно пред спиење, а искуствата велат дека „додека да изброите до десет“, ќе пoтонeтe во сон, а самото спиење ќе биде квалитетно и окрепувачко.
Овој народен лек се користел веќе со векови во минатото, а тоа говори за неговата ефикасност. Доколку и вие припаѓате меѓу оние кои патат од хронична нecoница, тогаш пијте го овој напиток во текот на еден месец, и ќе го решите проблемот.
Лушпите од орев содржат супстанции кои помагаат во чистење на крвните садови и спречување на создавање на крвни згрутчувања. Кај народот постои и лек против овие проблеми, а кој всушност се приготвува од оревови лушпи. Еве што треба да направите…
Соберете лушпи од 15-20 ореви, па темелно измијте ги под млаз ладна вода. Потоа распоредете ги врз памучна крпа со вдлабнатините свртени надолу и оставете ги добро да се исцедат и исушат на некое топло и проветно место.
Кога ќе бидат целосно суви без нималку влага во нив, наредете ги во стаклена тегла и прелијте ги со 750 мл вотка. Затворете добро со метален капак, а теглата оставете ја на суво и темно место со повремено протресување.
Откако ќе изминат две седмици, тинктурата процедете ја и складирајте ја во некое темно, претходно стерилизирано шише. Доколку немате такво, обвиткајте го со алу-фолија и чувајте го на темно и ладно место.
УПОТРЕБА: Една лажица пред спиење за да спречите појава на крвни згрутчувања и за нормализирање на крвниот притисок. НАПОМЕНА: Пред употреба советувајте се со вашиот лекар.