Сите знаеме дека хидрогенот е добар за дезинфекција на рани, но малкумина знаат дека може да биде многу корисен и за одржување на хигиената во домот.
Еве како со можете со негова помош да се ослободите од бактериите и нечистотијата, а да ве чини помалку од половина евро.
Трипроцентниот хидроген-пероксид е одличен за чистење на сите работни површини во кујната бидејќи ги убива бактериите, а не е штетен по здравјето.
Сунѓерите и крпите потопете ги во хидроген или само испркајте со него, па пребришете. Со хидрогенот можете да ја дезинфицирате и внатрешноста на фрижидерот: доволно да ги испрскате сите полици на кои чувате храна.
Хидроген-пероксидот е одличен и за одржување на хигиената на даската за сечење. После употреба измијте ја добро со сунгер и средство за миење садови, исплакнете добро со вода па испрскајте ја со хидроген.
Ова средство е одлично и за повремено перење на машинатаза садови: неколку децилитри хидроген-пероксид ставете во детергентот и ќе бидете сигурни дека е чиста и безбедна за користење.