Рецепт на доктор Игор Књазкин за јакнење на имунитетот.

“Не е доволно лукот само да го прелиете со мед, еликсирот за имунитет ќе биде спремен дури за еден месец”, советува докторот. Што е тоа што треба да се знае?

Лукот во нашето тело го одржува нормално нивото на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето, лекува габични инфекции, но и го подига имунолошкиот систем и не брани од настинки и кивавици.

Сите знаеме дека лукот е најмоќен кога е во свежа состојба. Главната состојка кога го прави толку благотворен, е алицинот.

За жал, оваа поради состојка лукот го има оној карактеристичен мирис кој долго се задржува во организмот и поради него многу поретко го користиме отколку што би требало.

Не е баш пријатно да се соџвака сирово чешне лук. Затоа, ајде да го помешаме со мед.

РЕЦЕПТ

Во тегличка од 200 мл ставете главица исчистен лук, а секое чешне посебно малку изгмечете го за да се активира алицинот.

Прелијте со мед, затворете ја добра теглата и оставете ја на сончево, но не премногу топло место, во период од еден месец.

После овој период вашиот мед ќе биде збогатен со лековитите состојки на лукот и спремен за консумирање. Земајте секое утро по една супена лажица за јакнење на имунитетот.