Највкусниот старински десерт од 3 состојки…Рецепт со мерки на лажица…МОЈОТ ОМИЛЕН ДЕСЕРТ – Сутлијаш со вишни….Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

6 полни до врв супени лажици ориз
1 литар млеко
250 г смрзнати вишни

И уште:
2 кесички ванилин шеќер
1 мала лажичка скроб/нишесте/густин
1 лажица шеќер или по вкус

ПОСТАПКА:

1.Оризот измијте го низ 4-5 води, па залијте го со топла вода и оставете го да отстои 20-тина минути. Откако ќе набабри, процедете го од вишокот вода.

2.Во тенџере сипете млеко и ванила, па додајте го оризот и ставете на оган да зоврие. Потоа намалете на пониска температура и варете со непрекинато мешање 15-тина минути, додека да згусне. Додајте шеќер по вкус, промешајте и оставете настрана.

3.Во друго тенџере сипете го смрзнатото овошје, додајте ванилин шеќер и ставете на рингла. Една лажичка скроб растворете со 1 лажица вода, па сипете во овошјето кое врие. Исклучете го огнот и мешајте уште малку додека да се соедини.

4.Во навлажнети десертни чаши сипете прво од овошниот сос, а потоа од сутлијашот. Оставете да се олади пред послужување.

Послужете одозгора посипано со рендано чоколадо, цимет или овошен сируп по вкус. Постапката погледнете ја ОВДЕ.