-Против дијабетес, дебелина и болести на срцето: грозјето и портокалите јадете ги исклучиво заедно!
Авторот на истражувањето, професорот Пол Торнели овие резултати ги смета за напредок кој би можел да влијае врз начинот на кој досега се лекуваа овие болести.
Овошјето е најздравиот додаток на исхраната, бидејќи изобилува со витамини, минерали и други хранливи материи кои се неопходни за нашиот организам.
Портокалите и грозјето, омиленото овошје ширум светот, само што пристигнаа оваа сезона и освен што убаво и привлечно мирисаат, тие се многу здрави. Научниците тврдат дека најдобро е да се консумираат заедно, а еве и зошто!
Една студија открила дека хепертинот (НЕSР) од портокалите и транс-ресвератролот (tRES) од грозјето се неверојатна комбинација која се покажала како многу ефикасна во лекувањето на одредени болести. Според студијата, комбинацијата на ова овошје може да го намали нивото на шеќер во крвта, да ја подобри функцијата на инсулинот и состојбата на кардиоваскуларниот систем.
Истражувачите од Универзитетот во Ворвик тврдат дека откриле комбинација која содржи HESP и tRES, а која може да го подобри здравјето на луѓето кои имаат дијабетес или патат од некоја срцева болест.
Авторот на истражувањето, професорот Пол Торнели, овие резултати од истражувањето ги смета за напредок кој би можел да влијае врз начинот на кој досега се лекуваа овие болести. Покрај тоа, комбинацијата од ова овошје, како што тој вели, може да спречи дури и дебелина.
КАКО ДЕЛУВА ОВА ОВОШЈЕ?
HESP и tRES можат да ја зголемат количината на специфичниот протеин во телото. Тој протеин е познат како глиоксалаза 1, кој може да го неутрализира метилглиоксалот (MG), соединение добиено од шеќерот кое може да го уништи вашето здравје. Ако во телото имате многу MG, тоа може да доведе до инсулинска резистенција, а со тоа и до дијабетес тип 2.
Покрај тоа, зголемената количина од наведеното соединение може да ги оштети крвните садови, а истовремено и да ја наруши телесната употреба на холестеролот. Тоа може да биде штетно, бидејќи влијае врз кардиоваскуларниот систем.
Бидејќи грозјето и портокалите заедно можат да го неутрализираат MG, тоа значи дека консумирањето на ова овошје може да биде добро за наведените болести. Сепак, авторот на студијата ја нагласува важноста од здрават исхрана, физичката активност и останатите фактори кои се потребни за здрав живот.