Британските научници во една студија проучиле 139 отпечатоци од прсти и дошле до значајно откритие, со кое се открива нивната поврзаност со кардиоваскуларните болести.
Се покажало дека лицата кои имаат отпечатоци со спирална шара на едниот или на повеќе прсти – имаат поголеми шанси за зголемен крвен притисок од оние кои имаат поинакви шари.
Во истражувањето се покажало дека колку повеќе има вакви спирални отпечатоци, притисокот е поголем.
Вакви отпечатоци на прстите се показател за проблеми кои се јавуваат уште додека ембрионот е во фаза на развој, што подоцна доведува до зголемен крвен притисок.