“Не носам маска, ниту се препорачува носењето маска во Шведска. Таму не можете да купите маски во аптека, бидејќи ги нема. Претпоставувавме дека ги повлекле, веројатно затоа што не заштитуваат од вируси” – вели Наташа во разговор за емисијата “Центар”.
“Тоа го пишува и на маските, дека заштитуваат само од бактерии, а не и од вируси. Покрај тоа, опасни се и истото го покажуваат направените студии, бидејќи бројот на заразени се зголемува токму од неправилното носење на маските.
Стерилните маски не смеете да ги вадите (тие се една употреба), па повторно да ги ставате, да ги пикате по џепови. Гледам во Србија како ги носат луѓето, во раце, во ташни, како нараквици, ги пипкаат со прстите кога ги ставаат и вадат…
На тој начин практично се собираат микроорганизми на маските и тие му штетат на здравјето отколку да го штитат” – објаснува гостинката во емисијата, која живее во Шведска.
Наташа и нејзиниот сопруг се заразиле и заболеле од ковид19 додека престојувале во Шведска и таму го прележале вирусот.
“Симптомите се специфична кашлица, тоа е како некој со пердув да ви го дразни дишникот и постојано ве тера да кашлате, а ништо не исфрлате, никаков секрет.
Наликува на сува иритирачка кашлица како на полен и прашина. И сопругот и јас заболевме од вирусот.
Со белите дробови немавме никаков проблем, но бев целата “скршена”. Едвај успеав да истипкам и да испратам мејл. Температурата може да биде висока, но скока и паѓа сама од себе, дури се случува навечер да падне наместо да скокне, што нема логика.
Специфично е и тоа што не чувствувате никакви мириси. Се јавивме на лекар кој ни рече да почекаме да ни помине, бидејќи вирусот не се лекува, туку мора да се прележи.
Во Шведска се третираат само оние со потешки симптоми што се болни. На почетокот, кога имав само симптоми, одев во продавница на пазарење.
Со денови бевме малаксани, а мислам дека навистина оздравевме кога првиот убав и сончев ден излеговме на тераса и бевме на сонце и воздух со часови”, вели Наташа и истакнува дека во Шведска е незамисливо некој да ги затвори дома и дека тоа едноставно не би поминало кај народот кој инаку и онака има дефицит од сонце.
Гостинката говореше во емисијата на каналот “Центар” кој го уредува и води Дејан Златановиќ, Целата емисија можете да ја погледнете во видеото: