Home Здравје Природен рецепт за бронхит со свинско сало, откога дознав за овој лек,...

Природен рецепт за бронхит со свинско сало, откога дознав за овој лек, болеста се нема вратено

Бронхитис е болест на дишните патишта, која најчесто е предизвикана од вирус или бактерија. Може да се појави кај сите, без разлика на полот и возраста, но најчесто заболуваат децата, лица со слаб имунитет и постари луѓе. Постојат два вида: акутен и хроничен бронхитис.

Акутен бронхитис е најчесто последица на инфекција или ладен воздух, додека хроничен бронхитис настанува поради постојани иритации на дишните патишта. Главен симптом на акутен бронхитис е упорното кашлање.

Кашлицата трае околу три недели и тоа е главната карактеристика на 50 % од пациентите. Кај 25 % може да трае и повеќе од еден месец. Симптомите на бронхитис се: кашлање, т ешкотии при д ишењето, б олки во мускулите и гра-дите, недос-таток на здив, искашлување на леплива слуз, замор, гроз-ница..

Бронхитисот се појавува после настинка и грип, па затоа и симптомите можат да бидат типични за симптоми на настинка и грип: б олка во грлото, замор, течење на носот, грозница, б олки по целото тело, по-враќање или дијареа. Акутниот бронхитис е многу почест од хроничниот, а по лекување на инфекцијата, го снемува.

Многу посериозна состојба која е поврзана со забрзан пад на функцијата на белите дробови е хроничниот бронхитис. Луѓето кои имаат хроничен бронхит, за разлика од оние со акутен, имаат многу подолг период на кашлица.

Природната медицина ги препорачува следните билки за третман: подбел, слаткарче, бел слез, анасон, жалфија, мајчина душица, ленено семе и борови пупки. Сварете чај со мешавина од билките кои ви се достапни, додајте мед и лимонов сок и пијте го чајот трипати на ден по оброк.

Друг корисен лек е жалфијата во шолја млеко. Пијте го напитокот врел пред спиење по 1/4 чаша. Млекото може да се замени со вода, доколку ви предизвикува непријатност во стомакот.

Сепак најлековитиот лек е оној приготвен со свинското сало / маст. За лекување се зема по една мала лажичка и се разматува со шолја врело млеко кое е најдобро да се пие навечер. При силна кашлица, за надворешна употреба, салото се меша со терпентин (смола од некои иглолисни дрвја) – може да се најде во аптека..

Оваа комбинација се мачка на градниот кош и се превиткува со ќебе или голем волнен шал пред спиење. Исто така, одличен лек е и мелен свеж тегавец, 1 чаша ракија, малку сода бикарбона и 1-2 лажици испрана свинска маст. Се премачкува градниот кош однапред и на грбот одзади и се превиткува со нешто топло.

II РЕЦЕПТ: Лек за хроничен бронхит

Потребни состојки: 100 г иглички од бел бор, 50 г оман, 50 г цвет од јаглика, 50 г бабјак, 40 г лист од жалфија, 50 г семе од анасон. Постапка: Билките се мешаат, па во сад со зовриена вода од 500 мл се става 2 супени лажици од мешавината. Се поклопува и се остава да отстои 10-тина минути по што се процедува.

Употреба: Се пие пред секој оброк, трипати во денот, по 100 мл засладено со мед. Уште како мала стра.дам од оваа тешка болест, а откога дознав за овој лек, бронхитисот еве како 5 години не ми се вратил.

Сите билки се купуваат од билна аптека или проверен билкар. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска