Рузмаринот е зачин со освежителен мирис кој на јадењата им дава богат вкус, ги подобрува и ги прави поздрави. Неговото масло исто така многу се цени поради својата ароматичност во кулинарството, но и поради одличното дејство врз здравјето на кожата.

Рецептот за масло од рузмарин можете да ги прочитате ОВДЕ. Рузмаринот е одличен за јакнење на организмот, а веќе многу одамна се користи не само како зачин во кујната, туку и за подготовка на козметички производи и како природен лек.

Се користи за ублажување и лекување на следниве состојби: cтpec, слабо памтење, лоша циркулација, намален имунитет, алергија, настинки, целулит, првут, алопеција (опаѓање на косата) и многу др.

Рузмаринот е билка со чија помош на природен начин може да се подигне кpвниот притисок и да ги отстрани тегобите кои се јавуваат, како што се умор, вpтоглавица, поспаност, главоболка, како и слаба концентрација и памтење. Рецептот за чај од рузмарин прочитајте го ОВДЕ.

Можеби не сте знаеле, но рузмариновата ракија е исто така, многу корисна. Кога еднаш ќе почнете да ја користите, ќе бидете изненадени, колку е ефикасна оваа неверојатна комбинација.

Третира бројни проблеми, а списокот на лековитите својства кои ги поседува рузмаринот, се чини дека се протега до бесконечност. Рецептот за тинктурата прочитајте го ОВДЕ. Во продолжение прочитајте го рецептот на билкарот Мартин Најдовски:

„Овој е одличен и доста ефикасен лек во лекување на цисти, секакви цисти и било каде да се.. Го имам применувано кај цисти на јајници, цисти на бубрези, цисти на глава итн..“, вели велешкиот билкар Мартин Најдовски. Еве што ви е потребно според неговиот рецепт:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г свеж рузмарин (само листовите брз гранчиња), 1 литар бело вино, 250 г лимон (органски) изблендиран сосе кората, 1 кг мед (домашен, квалитетн)

ПОСТАПКА: Виното си сипува во тенџере и се загрева на оган. Кога ќе зоврие, оставете да направи „еден клуч“ и веднаш тргнете го настрана и додајте го изблендираниот лимон (кој поретходно добро сте го измиле и сте ги отстраниле семките), како и рузмаринот.

NMD.mk

Промешајте, поклопете го тенџерто и оставете го така да се олади. Кога ќе биде млако (повеќе накај ладно), додајте 1 кг мед, по можност ливадски. Добро промешајте за да се изедначи смесата, па складирајте ја во стаклено шише.

За деталите околу подготовката на рецептот можете да го прашате Мартин на неговата фб страница „Лилма“. А еве што вели тој за начинот на употреба:

NMD.mk

Се консумира двапати дневно, еднаш наутро и еднаш навечер, 30 минути пред јадење, по 100 мл. Се пие во континуитет 25 дена, потоа се прави пауза од 5 дена и се повторува постапката, сè додека да се реши проблемот.

Најчесто за 21 ден цистата треба да исчезне, меѓутоа бидете упорни и ќе го решите проблемот“, вели Најдовски. Пред употреба советувате се со вашиот лекар. За антипролиферациски ефект на рузмаринот (Rosmarinus officinalis) врз клетките на ракот на јајниците кај луѓето in vitro можете да прочитате ОВДЕ. Антиканцерогени ефекти на рузмарин (Rosmarinus officinalis L.) екстракт и полифеноли од екстракт од рузмарин – ОВДЕ.

NMD.mk