Вкусно и кремасто јадење. Совршен ручек со било кој прилог. Може да прочитате 2 рецепти – предлог, па вие одберете кој повеќе ви одговара.
Потребни состојки:
500 г пилешко бело месо (гради)
250 г шампињони печурки
150 мл милерам
100 г гауда сирење/кашкавал
3 јајца
1 чешне лук
Постапка:
Пилешкото месо исечкајте го на коцки, посолете го и запиперете го. Пропржете го во тава со малку маслиново масло, па додадете ги исечканите печурки.
Зачинете по вкус и додадете го ситно сечканото лукче. Смесата наредете ја во плех со средна величина и прелијте ја со мешавина од јајца и милерам или некое друго крем сирење.
Одозгора наросете обилно рендан кашкавал/моцарела и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. А еве уште една идеја за уште побрзо јадење:
Вкусен и брз ручек од 3 состојки – Многу вкусно јадење што брзо се приготвува.
Потребни состојки:
500 г пилешко филе
1 крем супа од печурки
200 мл течна неутрална павлака
Постапка:
Пилешкото филе исечете го на тенки шницли кои не треба да се толчат. Во еден сад истурете ја содржината од супата и секоја шницла извалкајте ја па наредете во огноотпорен сад.
Прелијте ја павлаката врз месото и во топла рерна на 200 степени печете 30 минути. Исклучете ја рерната и оставете уште 15 минути да се заврши печењето. Кој сака реш печено, може да го тргне капакот и да го запечи пилешкото. Се послужува со обарен карфиол или брокула. Секако и салата.. Прсти да излижеш!