Ако сте обожувач на чоколадо, карамела и кикирики тогаш сигурно го сакате Сникерсот. Оригиналниот рецепт содржи само 7 состојки, меѓу кои: чоколадо, путер од кикирики, мачмалоу-крем, шеќер во прав, кикирики, карамел, слатка павлака.
Овој рецепт го прилагодивме со лесно достапни состојки. Домашниот сникерс е рецепт кој нема да ве разочара, ниту по вкусот, ниту по количината.
Потребни состојки:
300 г шеќер
250 мл вода
250 г путер/маргарин
100 г чоколадо
400 г кршени бисквити
300 г сечкани печени кикирики
2 лажици мед
За карамел:
1 кеса карамел бонбони
60 мл слатка павлака
За глазура:
150 г чоколадо
4 лажици масло
20 г путер/маргарин
Постапка:
1.Ставете на оган да зоврие водата со шеќер, па додајте путер и чоколадо.
2.Тргнете од оган па додајте 400 г кршени бисквити и 300 г ситно сечкани кикирики, претходно печени.
3.Топлата смеса израмнете ја во помала тепсија, премачкајте со мед, па ставете глазура.
4.Потоа на пареа (или во микробранова печка) растопете карамел бонбони со малку слатка павлака.
5.Карамел слојот ставете го преку нугат слојот кога малку ќе излади. Повторно сè ставете на ладење.
6.За глазура: на тивок оган истопете 150 г чоколадо, 4 лажици масло и 20 г путер.
7.Со оваа глазура прелијте го колачот. Ако ве интересира оригиналниот рецепт, опишан е подолу:
1.Една чаша чоколадни капки растопете на пареа заедно со 3 лажици путер од кикирики (или во микробранова печка). Сипете го чоколадото во помал калап обложен со хартија за печење. Ставете 3 минути во замрзнувач за да стврдне.
2.Една чаша мачмалоу-крем помешајте со 1/4 чаша путер од кикирики и 1 и пол чаша шеќер во прав. Мешајте додека да добиете компактна смеса како тесто, па распоредете го врз слојот чоколадо.
3.Одозгора посипете ги кикириките и нежно со раката притиснете.
4.Во 1/4 топла слатка павлака растопете околу 300 г карамел бонбони и мешајте на тивок оган додека целосно да се растопи. Сипете го врз кикириките и израмнете. оставете во фрижидер 5 минути.
5.Растопете една чаша чоколадни капки со 3 лажици путер од кикирики и распоредете врз карамелот. Оставете во фрижидер уште 10 минути за да се стегне, па сечете на коцки или барови.