Направете шампон од кој косата расте брзо како грива…Сјајна и не опаѓа…Само неколку капки прават огромна разлика…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
10-15 чешниња лук
1 лажица маслиново масло
1 шише шампон од коприва 600-800 мл
ПОСТАПКА:
Изблендирајте го лукот со сосем малку вода колку да се формира мазна паста. Додајте го маслото и продолжете со миксањето додека да се инкорпорира.
Оваа смеса сипете ја во шишето со шампон и добро промешајте. Чувајте го шампонот во добро затворен сад, на темно и ладно.
УПОТРЕБА: 2-3 пати неделно да се испере темелно косата со овој шампон. По желба можете да додадете неколку капки етерично масло од гераниум за да се зголеми циркулацијата во коренот на косата.
Подолу можете да прочитате уште еден рецепт кој се приготвува со млада коприва:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 грста свежо коњско опавче или 2 лажици суво
20 листови млада коприва
1 лажица масло од јојоба
6 до 8 капки арганово масло
2 лажици гел од алое вера
4 капки есенцијално масло од рузмарин
4 капки есенцијално масло од чајно дрво
4 супени лажици есенцијално масло од чајно дрво од нане
1/8 лажичка спирулина
ПОСТАПКА:
Во поголем сад ставете ги копривата и коњското опавче, па прелијте ги со зовриена вода. Оставете ја зовриената вода и споменатите растенија да се изладат.
Во посебен сад измешајте ги сите масла од списокот заедно со спирулината.
Процедете ја водата со копривата и коњското опавче, па измешајте со смесата со масла и спирулината.
Сè добро соединете и складирајте во стаклено или друго шише.
Користете го шампонот направен на вообичаен начин и обидете се да не ја плакнете косата со премногу топла вода.