Вкусна салата од туна, одлична за празници, а може да замени и оброк…Направете ја за 5 минути! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 варени компири
250 г туна од конзерва со масло
1 китка млад зелен кромид
150 г рендан кашкавал
2 варени моркови
5 варени јајца (одделени белки и жолчки)
мајонез за премачкување:

ПОСТАПКА:

Врз десертна чинија поставете обрач. Ако немате обрач, тогаш салатата редете ја во транспарентен сад за да се гледаат слоевите, или пак обложете некој сад со кеса или најлон фолии, за да можете потоа да ја извадите салатата.

Како прв слој изрендајте ги варените компири, израмнете добро за да биде цврст слојот и одозгора премачкјате тенок слој мајонез.

Исцедете го вишокот масло од туната, па распоредете ги парчињата рамнимерно како втор слој. Врз туната посипете ситно сечкан зелен млад кромид, па тенок слој мајонез.

Како трет слој распоредете ситно рендан кашкавал, па и врз него премачкјате малку мајонез.

Следни се варените моркови, а врз нив изрендајте ги сварените белки кои претходно ги одвоивте од жолчките. Премачкајте тенок слој мајонез.

На крај посипете ги ренданите или со виљушка изронетите жолчки и притиснете ги одозгора нежно за да се залепат за мајонезот.

Салатата изладете ја пред послужување, па отстранете го обрачот и декорирајте со зелени гранчиња од кромид или магдонос. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.