Понекогаш нашиот дом не’ прави уморни, а тоа најчесто е поради лошите вибрации и негативната енергија во него. Еве како со помош на некои состојки да ја вратите хармонијата во вашиот дом.

Некои можеби не веруваат, но лошата енергија силно влијае врз нашите животи. Од неа зависат нашите чувства, емоции и мисли. Домот е место каде негативната енергија може да се акумулира, да влијае врз вашиот однос со семејството. Понекогаш носител на лоши вибрации може да биде сосетката или пријателот кој сме го повикале на кафе или на вечера и сме го нагостиле.

Можеби овие луѓе не се ни свесни за својата лоша енергија, но сепак ја имаат и ја оставаат таму каде што ќе се релаксираат и од каде ќе си заминат растеретено и опуштено. Некои се свесни за својот лошотилок и намерно им напакостуваат на другите од завист и злоба.

Штом оваа енергија дојде во вашиот дом, таа ќе се налепи и ќе остане таму се додека не сторите нешто околу тоа за да ја извлечете. Додека не ја елиминирате, може да имате многу конфликти и недоразбирања со семејството.

Ова е еден едноставен метод кој ќе ви го врати мирот во куќата. Обратете внимание на она што мора да го направите уште денес.

За овој ритуал вам ви се потребни следниве работи:

-бел оцет (1 шишенце)

-морска сол ( 1 лажица)

-транспарентна вазна и

-вода

Она што треба да го направите е да наполните една чаша до половина со оцет и да дополните со вода, да се исполнат две третини од чашата. Потоа ставете морска сол и чашата ставете ја на најфрекфентното место во куќата. Запамтете дека чашата мора да биде скриена од погледите на другите луѓе. Ако солта лебди на површината од водата, мора да го повторите процесот а чашата темелно да ја измиете. Кога солта ќе потоне на дното, тоа е знак дека лошата енергија се елиминирала.

Потоа овој процес повторете го во секоја соба од куќата. Исто така, кога солта останува ќе остане на дното, тоа значи дека процесот е завршен. На овој едноставен начин ќе се смири вашиот дом и ќе завладее хармонија.