Ако ги сакате овие грицки, за да ги сочувате добрите својства во текот на приготвувањето, намалете ја количината на масти и сол. Секако одбегнувајте пакувани и зачинети пуканки, а особено оние кои се наменети за микробранова печка.

ИТАЛИЈАНСКИ ПУКАНКИ

Малку девствено маслиново масло, лук и босилек попрскајте по веќе готовите пукански.

ПИЦА ПУКАНКИ

Во блендер измешајте во паста неколку суви домати, малку путер и лук. Кога пуканките се готови и се’ уште топли, извалкајте ги во пастата, додадете оригано, рендан пармезан и малку сол. Оваа закуска има многу помалку калории отколку пицата.

ЈАПОНСКИ ПУКАНКИ

Во лажичка путер растопете малку васаби паста и прелијте преку благо посолените пуканки.

ЧИЛИ ПУКАНКИ

Лажичка путер, прстофат сол, малку црн пипер или чили во прав – вистинско мексиканско искуство.

ЧОКО ПУКАНКИ

Пуканките прелијте ги со лажичка кокосово масло кое претходно сте го загреале и во него сте ставиле парчиња темно чоколадо. Ако сакате да ги засладите додадете стевија.

ЦИМЕТ

Пуканките прелијте ги со лажичка растопен путер а потоа додадете две лажички шеќер во кој претходно сте измешале лажичка цимет. Циметот содржи висока количина на антиоксиданти и феноли, а помага и при слабеење.

ВАНИЛА И БАДЕМ

Две големи лажици кокосово масло, две големи урми, една лажичка екстракт од ванила, една лажица бадем и лажица вода. Сето сомелете го во блендер па во голем сад измешајте ги тукушто испечените пуканки. Пуканките префрлете ги во сад за печење и печете во рерна 10-тина минути. На секои две минути промешувајте ги. Овие пуканки можете и изладени да ги чувате во затворен сад.

КАРАМЕЛ ПУКАНКИ

Топлите пуканки прелијте ги со топла мешавина од половина шолјичка мед и четвртина шолјичка путер од кикирики. Смесата мора да биде течна…

ЛУТО-СЛАТКО ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Пуканките испрскајте ги со растопен путер, малку цимет, кајенска пиперка и незасладено какао во прав.