Чајот од банани е од голема помош за многу болести.

Дали имате идеја што ќе се случи во вашето тело ако зготвите банана со цимет и ја испиете оваа течност навечер, пред спиење?

Ова е малку понепознат рецепт кој последниве години го открија неколку хербалисти, а претставува одличен лек за многу проблеми, особено при недостиг на витамини, ансиозност и несоница.

Тајната на овој напиток се состои во следното: бананите содржат голема количина магнезиум кој има директен ефект врз нервниот систем со тоа што опушта, го елиминира стресот и го подобрува спиењето.

Бананите не се само извор на енергија, туку и извор на многу хранливи материи, како што е калиумот, а кој пак е важен за тонусот на мускулите, па дури и за срцевиот ритам. Друг минерал кој треба да се спомене, е фосфорот, кој му помага на организмот полесно да ги свари јаглехидратите.

Друга, но не помалку важна состојка во овој чај е циметот. Тој е во состојба да го намали нивото на шеќер и холестерол во кр-вта, со што се намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести. Покрај тоа, некои студии покажаа дека циметот може да има антисептички ефект врз организмот и да ги нормализира хормоните (особено корисен за жените).

Научниците издвоија состојби во кои овој напиток е многу корисен: артритис; мигрена и главоболка од различно потекло; улцеративни заболувања на гастроинтестиналниот тракт; присуство на патогени бактерии.

Како да го направите овој пијалок?

Потребни состојки: 1 зрела банана, 1-2 лажички цимет, 1-2 литри вода во зависност од тоа каква јачина сакате да има чајот.

Постапка: излупете ја банана доколку не е органска, а доколку не е третирана кората, тогаш само исечете ја на неколку парчиња. Оставете ја водата да зоврие, а потоа додајте ја бананата и циметот. Намалете ја температурата, па варете околу 10 минути. Процедете и пијте топло.

7 здравствени проблеми за чие лекување 1 банана е многу поефикасна од лекарства

Бананите важат за омиленото овошје во текот на зимскиот период, а нивниот неодливо сладок вкус не е единственото волшебно својство што го поседуваат. Всушност постојат здравствени проблеми кои бананите ги решаваат подобро од лекарствата, поради моќните лековити својства кои ги содржат.

Бананите се плодови кои би требало да бидат вклучени во исхраната и менито на секој од нас. Тие се заситени со природни шеќери и големо количество на хранливи влакна, кои на телото му ја даваат потребната енергија. И покрај нивниот калориски состав, веќе и научно е докажано дека бананите можат да ни помогнат да се справиме со бројни здравствени проблеми.

Доколку не верувате, потрудете се редовно да консумирате банани и за краток временски период ќе започнете да се чувствувате значително подобро, што воедно ќе ве увери во лековитите својства на ова чудесно слатко овошје.

Еве при кои 7 здравствени проблеми, бананите помагаат многу подобро од лекови

Хипертензија

Многу луѓе кои страдаат од хипертензија, се соочуваат со недостаток од калиум во организамот. На сметка на тоа, телото пак, изобилува со сол. За нејзинот остранување од организамот, токму е потребен калумот, кој најмногу е застапен во бананите.

Намалување на нивото на стрес

Бананата е најдоброто „анти-стрес“ овошје што постои. Тоа ги содржи неопходните витамини и микроелементи, кои влијаат врз размената на супстанците во организамот, што пак е директно поврзано со нивото на стрес.

Подобрување на видот

Бананите содржат витамин А, кој е од голема важност за очите. На нашето тело му е потребно определно количество дневен внес од овој витамин, за да го намали ризикот од влошување на видот. На жените им е потребно 700 микорграми секојдневно, додека кај мажите е потребно 900 микрограми од витаминот А.

Опстипација и гасови

Бананите содржат пектин, кој е одговорен за остранување на тешките метали и другите токсични материи од организамот. Тие се одличен пробиотик, кој го стимулира процесот на дигестија на храната. Бананите исто така го намалуваат формирањето на гасови и дејствуваат како одлична состојка во процесот на слабеење.

Помош при ПМС

Бананите содржат витамин Б6, кој има позитивен ефект врз нивото на шеќери во крвта и помага во намалување на негативните симптоми на ПМС-от. Овој витамин дури помага при подуеност на стомакот и ги намалува честите промени во расположението.

Депресија

Бананите содржат и триптофан, кој го поттикнува и зголемува производството на серотонин. Иако бананите не можат да се справат со посериозните депресивни состојби, консумирањето 2 плода дневно, ќе ве ослободи од чувството на тага, кое е првиот симптом на депересија.

Намалување на вишок килограми

Бананите се многу вкусни и слатки плодови кои лесно може да ги вклучите во вашето секојдневно мени и во секоја диета. Тие содржат хранливи влакна, кои се растворливи во вода и кога истите ќе се најдат во дигестивниот тракт, ја апсорбираат водата, го забавуваат метаболизамот и ви го даваат чувството на ситост, што ќе ве спречи да не се прејадете.