Напитокот со лимон е многу познат, но овојпат станува збор за за напиток кој ги искористува сите делови кој овој плод ги нуди. Не само неговиот сок, туку и кората која во себе содржи витамини.
Лимонот е име за дрво и плод од родот Citrus (фамилија Rutaceae). Тој е вид на мали зимзелени дрвја, со потекло од Азија. Елипсовидниот, жолт плод на лимоновото дрво се користи за кулинарски и некулинарски цели ширум светот, првенствено поради неговиот сок. Пулпата и кората се користат за готвење и печење. Сокот од лимон содржи околу 5-6% лимонска киселина, со pH околу 2.2, давајќи му кисел вкус на сокот. Киселиот вкус на сокот го прави клучна состојка во разни видови на пијалаци и храна, како што се лимонада и колач од лимон.
Лимонот е богат извор на витамин Ц, со тоа што 100 грама задоволуваат 64% од дневните потреби. Меѓутоа, другите есенцијални хранливи материи се со занемарлива содржина.
Лимонот содржи бројни фитохемикалии, вклучувајќи полифеноли, флавоноиди, органски киселини, терпени и танини. Етеричното масло од лимон е бистра, безбојна или слабо жолтеникава течност со специфичен, слабо ароматичен мирис на лимон и горчлив вкус.
РЕЦЕПТ
Се’ што ви е потребно за да го приготвите овој чудесен напиток се следните, лесно достапни состојки:
500 мл вода
6 лимони
Малку мед
Постапката е многу едноставна и лесна:
Во едно тенџере ставете ја водата и исечканите лимони кои треба да бидат органски, непрскани (или соодветно истратирана кората со сода бикарбона), па гответе на умерен оган. Мешавината треба да се готви околу три минути. Потоа се трга од оган и се остава малку да излади. Потоа се вади лимонот, се исцедува пулпата од него, а добиениот напиток се складира во шише или чаша, каде по потреба може да ставите малку мед.
Овој чудотворен напиток носи бројни бенефити:
-ја помага догестијата и го регулира метаболизмот
-го јакне имунитетот
-го балансира рН нивото во организмот
-дава неверојатен енергетски поттик
-детоксифицира
-штити од настинки