Home напиток Напиток за намалување на холестеролот, подобрување на циркулацијата, против опаѓање на косата

Напиток за намалување на холестеролот, подобрување на циркулацијата, против опаѓање на косата

Напиток за намалување на холестеролот, подобрување на циркулацијата, против опаѓање на косата…

„Се сетив на еден многу добар рецепт за кој знам некои 30-тина години, а кој може да биде корисен за повеќе болести, бидејќи ублажува, спречува и лекува и не може да ви наштети.

Првенствено е наменет за циркулација на крвта, нервен и имунилошки систем. Од овој препарат добро расте косата, се опоравува…особено кај оние лица кај кои косата опаѓа поради лошо функционирање на организмот.

Потребни состојки:

8 лажици рузмарин,
1 литар вода,
4 големи лимони и
500 г мед од жалфија (или друг).

Постапка:

Исечкајте свеж (или сув) рузмарин, па 8 супени лажици прелијте ги со 1 литар вода и ставете на тивок оган да се вари додека половината да испари.

За тоа време пригответе го лимонот: измијте го добро и оставете го вода со малку сода бикарбона. После половина час повторно измијте ги, исечете го за да ги извадите семките и сомелете го.

Помешајте го со половина кислограм мед од жалфија. Доколку не можете да најдете ваков мед, тогаш употребете било каков, да биде органски и квалитетен.

Кога водата од жалфија ќе се олади, процедете ја и промешајте ја со мешавината од лимон и мед. Складирајте во стаклени тегли и чувајте во фрижидер. Напитокот се користи секое утро на празен стомак по 100 мл”, пишува Весна Михајловиќ

НАПИТОК ПРОТИВ ВИСОК ХОЛЕСТЕРОЛ: Овој рецепт ми го препорача пријателка. Вели проверено е одлично за регулирање на триглицеридите и холестеролот. Не може да наштети, а ако помогне, одлично!

За секој случај, секој индивидуално треба да се советува со својот лекар. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

2 лимони, по можност непрскани,
50 см рузмарин,
6 лажици интегрален шеќер и
2 литри вода.

Постапка:

Лимонот добро измијте го, па откако ќе го истретирате со сода бикарбона, извадете му ги семките и сомелете го. Кога се вели “гранче-две” рузмарин, не знаете точно која е количината, па мојата пријателка вели дека за овој рецепт се препорачува околу 50 см рузмарин.

Сето тоа ставете го во тенџере, прелијте со 2 литри вода и додајте шеќер, па варете додека да испари до половина. Изладете, процедете и складирајте во стаклено шише или тегла.

Чувајте во фрижидер и секое утро веднаш по будење испијте по една мала ракиена чаша. Иако мирисот во текот на варењето е силен, вкусот е слаткаст и нема да имате чувство дека пиете некој непријатен лек, напротив.

Сoolinarika.сom