ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 помали главици или една поголема главица кромид и 2 ловорови листови, 200 мл вода. Постапка: кромидот добро измијте го и исчитете го од коренот и нечистотијата (не мора да ги отстранувате сувите лушпи бидејќи и тие се лековити).
Исечете го на помали парчиња и ставете го во зовриена вода заедно со два ловорови листови. Гответе не подолго од 10 минути. Чајот оставете го целосно да се олади, па процедете го. По желба можете да го засладете со мед.
Оваа комбинација има силни лековити својства. Пред сè кромидот содржи еден многу важен пигмент наречен кверцетин кој го содржат и другите намирници, меѓутоа науката открила дека тој многу полесно се апсорбира во организмот кога е добиен токму од овој зеленчук.
Уште една заслужна состојка која му дава лековити својства на кромидот е хромот, минерал кој им помага на клетките да реагираат на инсулинот, односно со други зборови, овој зеленчук е добар и за регулација на шеќерот во кpвта.
Инаку, овој напиток пред сè е одличен за здравјето на нашите бели дробови, кој се покажал како еден од подобрите природни лекови кога станува збор за силна кашлица.
Исто така, поседува и силно антибактериско дејство и помага за олеснување на кашлицата, при бронхитис и прочистување на белите дробови. Како што претходно споменавме, кромидот помага во регулација на шеќерот, па затоа е добар и за сите оние со високо ниво на шеќер.
Според некои истражувања, хромот од кромидот влијае врз намалување на шеќерот во кpвта, но и врз вкупниот холестерол и триглицеридите, а влијае и врз зголемување на „добриот“ холестерол.
Овој напиток меѓу другото може да помогне и доколку имате проблем со хипертензија, односно висок кpвен притисок.
Го намалува и го нормализира без никакви пропратни несакани ефекти. Всушност, овој напиток е доста познат по ова негово својство, бидејќи делува дилатациски (ги опушта кpвните садови) и на тој начин го подобрува протокот на кpвта.
Како што веќе споменавме, кромидот има силни антиоксидантни својства, па затоа игра многу важна улога во спречување на оксидацијата на молекулите на холестеролот.
Всушнот, токму тие оксидирани молекули на холестеролот се оние кои се лепат за ѕидовите на артериите и ги формираат плаките, со што доаѓа до нивно затнување.
Како што на сите ви е познато, кромидот е богат со сулфур кој освен што помага во намалување на кpвниот притисок и спречува појава на кардиоваскуларни болести, тој исто така делува превентивно за спречување на појава на рак.
Покрај тоа, овој напиток од кромид и ловоров лист е добар и за лекување на анемија и помага за ублажување на б олките во стомакот.
Овој чај ќе ви помогне и доколку имате какви било уринарни пореметувања. Доколку чувствувате „пецкање“ додека мокрите, тоа е знак дека имате бактерија во урината.
Со своето антибактериско дејство, напитокот од кромид и ловоров лист може да ви помогне во ублажување и на вакви состојби. Исто така, помага и при следните состојби: астма, несоница, за хигиена на устата, деменција…
Јапонските научници откриле дека сулфурот од кромидот има погодно влијание врз работата на нашиот мозок. Оттаму, чајот од кромид ги поттикнува функциите на мозокот, го успорува неговото страеење и го подобрува памтењето.