Home Останато Убавина и нега Напиток кој ќе ви го смени животот – помешајте пиво и лимон...

Напиток кој ќе ви го смени животот – помешајте пиво и лимон – ЕВЕ зошто

Кога ќе се погледнете во огледало забележувате умор на вашето лице? Кожата како да ви потемнела? Се појавиле нови брчки? На некои места има темни дамки, околу очите сте помодреле и очните ќеси натежнале…

Не очајувајте!

Со овој тоник кој ќе ви го предложиме, а кој вие сами ќе си го приготвите, сјајот на вашето лице за многу кратко ќе се врати! Ќе се елиминираат трагите на умор, кожата ќе се затегне а вие ќе изгледате многу помладо и посвежо.

Направете тоник од само две состојки: пиво и лимонов сок. Не се шегуваме! Пробајте а потоа ќе ни бидете благодарни! Овој тоник совршено делува врз кожата. Еве што треба да направите:

Помешајте сок од половина лимон со две лажици ладно, светло пиво, и вашиот тоник е готов! Нанесете го на лицето со помош на памук. Откако ќе се засуши повторно нанесете. Повторете неколку пати. Тоникот треба да делува 20-тина минути а потоа исплакнете го со ладна вода.

Идеален е за масна кожа, а најдобар ефект ќе има доколку го користите трипати седмично и тоа пред спиење.

После седум дена ќе забележите дека кожата ви е многу поубава, но и помека.