Потењето на дланките е непријатна појава од која сè повеќе луѓе страдаат. Лекот против потење ќе го најдете во природата. Одберете го оној кој најмногу ви одговара, па без срам ракувајте се со луѓето и поопуштено обавувајте ги другите работи.

Сода бикарбона и бебешка пудра

Помагаат кај полесна хиперхидроза. Растопете мала количина на сода бикарбона и пудра во топла вода. Алкалноста на содата ќе го стопира потењето на дланките и ќе ги одржува суви, а пудрата ќе спречи да се појави мирис.

СОК ОД ДОМАТИ

Во овој сок се кријат разни благопријатни својства за кожата, а една од нив е спречување на потењето. За да го намалите потењето на дланките пијте сок од домати еднаш дневно и веќе за една седмица ќе забележите дека дланките помалку ви се потат.

Претераното потење може да предизвика и дефицит на некои витамини и минерали во организмот, со што сокот од домати успешно ги надополнува. Овде првенствено се мисли на магнезиумот и калиумот. Затоа пијте сок од домати секојдневно за суви и свежи дланки.

СМОЛА ВО ПРАВ

Може исто така да ви помогне, па затоа носете ја со себе и користете ја секогаш кога дланките ќе започнат да ви се потат. Со овој трик се служат и професионалните спортисти, виолинистите и сите други занимања во кои дланките мора да бидат суви. Свежата смола во прав може да трае и до 18 месеци.

РУЗМАРИН

Рузмаринот е билка која има својство да го јакне нервниот систем и на тој начин помага потните жлезди да работат понормално.

Рузмаринот е и благ седатив, а кога сте помирни помалку се потите. Рузмаринот можете да го земате како додаток во исхраната или можете со себе да носите шишенце со есенцијално масло од рузмарин. Вдишувајте го секојпа кога дланките ќе започнат да ви се потат.

ЖАЛФИЈА

Делува како природен антиперспирант така што го регулира лачењето на потта од потните жлезди и ја регулира работата на нервниот систем кој е одговорен за создавање на потта.

Жалфијата можете да ја користите како додаток во исхраната, во облик на тинктура или можете од нејзините листови да направите чај. Пијте по две шолји чај дневно и за една недела ќе забележите дека дланките помалку ви се потат.