Доколку сте љубител на природната медицина и сакате да читате литература здрави намирници, здраво слабеење, некои најчести болести како што е дијабетесот на пример, тогаш сигурно сте забележале дека меѓу често спомнуваните намирници се среќава батат – слаткиот компир.




Имено, слаткиот компир – батат се препорачува кај речиси сите проблеми поврзани со исхраната, вклучително и пореметувања кои доведуваат до дијабетес и инсулинска резистенција, како и други метаболички пореметувања.

И претходно сме пишувале за здравствените придобивки на овој компир, но овојпат на читателите на НМД.мк ќе им ги откриеме причините поради кои оваа намирница е толку корисна и здрава, и зошто треба да стане дел од вашата редовна исхрана.




Иако кај нас се преведува како „сладок компир’, веројатно затоа што расте во земја и неговиот надворешен изглед е сличен на компирот, тој со овој зеленчук нема никакви допирни точки, освен физичката сличност.

Меѓутоа, кога ќе се пресече, повеќе личи на морковот поради портокаловата боја, а и самата билка има издолжен облик налик на некој подебел морков. Вкусот не наликува ниту на едната, ниту на другата намирница, па можеби називот и не му соодветствува најмногу.




Во секој случај, слаткиот компир или батат стана дел од нашата трпеза во последните години, откако поминал долг пат од Јужна и Централна Америка, од каде што потекнува, преку Нов Зеланд, Кина и Јапонија, па сè до Индија и Уганда, каде има и подвидови на ова растение.




За разлика од тешкиот и скробен класичен компир, слаткиот компири во никој случај не е тежок за јадење, не предизвикува гасови или проблеми со стомакот, ниту создава чувство на надуеност и не е причина за дебелина. Напротив, сè повеќе се препорачува како дел од диети и специјални планови за исхрана дизајнирани за слабеење.




Не плашете се од зборот „слатко“ во неговото име – неговите шеќери се раствораат во кр-вотокот долго време без да создаваат проблеми со варењето и без да предизвикаат зголемување на шеќерот во кр-вта.

Витамини во сладок компир

Од забележаните витамини кои ги има во најголема мера, треба да се спомнат витамините од Б комплекс, особено Б6. Како најпознат витамин кој влијае на здравјето на срцето и кр-вните садови, поради неговиот ефект врз нивото на хомоцистеинот, слаткиот компир станува дел од менито што се препорачува за срцевите па-циенти, но секако како превентивна мерка.




Забележана е и висока концентрација на витамин Ц, кој се препорачува за општо здравје, зајакнување на имунитетот, еластичност на кожата, коските и мускулите и како одличен антиоксиданс. Треба да се спомене и витаминот Д, веќе добро познат како главен помошник во производството на мелатонин, зајакнување на коските и спречување на р ак.

Истражувањата тврдат дека овој компир содржи дури 400% од вкупната дневна потреба за витамин А, а во одредени количини, витаминот Е исто така е присутен, како силен оксидант.




Минерали во сладок компир

Како и за витамините, постои долг список на минерали содржани во овој зеленчук. Калиумот е сигурно меѓу првите, бидејќи се содржи најмногу и знаеме дека придонесува и за зачувување на имунитетот, зајакнување на организмот, коските, мускулите и кр-вните садови, а исто така е евидентиран како моќен антиоксиданс.

Ако на тоа се додаде магнезиумот, многу силен во борбата против старе-ењето и нер-возата, кои предизвикуваат ослабување на организмот, тогаш е јасно дека честото конcyмирање на оваа храна помага да се спречи појавата на најсериозните болести, вклучително и ра-кот.




Употребата на сладок компир се препорачува за разновидни болести, или како превенција или како лек. Треба да се нагласи дека како дел од менито на источните народи, забележан е висок степен на зајакнување на имунитетот и заштита од болести.

Некои од болестите кај кои има дејство слаткиот компир се: срцеви заболувања и срцев у дар, болести на кр-вните садови, висок кр-вен притисок, дијабетес, р ак, воспаленија и чести инфекции, па дури и неп-лодност, а за сето тоа е заслужен витаминот А.




Високото ниво на витамин А е сигурно добро за подобрување на видот, додека големата количина на влакна присутни во неговото јадро е одлична за одржување на варењето и здравјето на цревата.

Една од големите предности на слаткиот компир е неговата лесна подготовка, овозможена со неговиот универзален вкус и голема количина влакна. Слаткиот компир може да се подготви буквално на сите можни начини што ги знаете, почнувајќи од класичната подготовка како што е подготовката на компири, односно да се пржи, пече и готви, слаткиот компир може да се подготви на скара или да се вари со додавање сосови од зеленчук или риба.




Бидејќи нема толку скроб како класичниот компир, тој е соодветен во комбинација со црвено месо, бидејќи не го отежнува варењето, а веганите можат да го консумираат само со варен зеленчук на тивок оган. Користете го за мусака, како прилог со месо или подготвен самостојно, со разновидни салати. Неговиот специфичен сладок вкус нема да ве остави рамнодушни.