Палентата не дебелее – има 4 пати помалку калории од лебот

Палентата може да биде прилог или главно јадење. Некогаш тоа било типично јадење за сиромашните луѓе во голем дел од Европа, а денес го послужуваат во отмени ресторани како прилог со месо или риба. Она што сте го одбивале во детството, сега ќе ви го послужат со гускина паштета…

Никогаш не ја одбивајте палентата. Ви дава енергија, а не дебелее. Пченката можете да ја јадете во текот на целата година во различни варијанти, но никако не ја заборавајте палентата која го регулира шеќерот и холестеролот во кр-вта, а има 4 пати помалку калории од лебот.

I РЕЦЕПТ Превкусен рецепт за палента: вкусен диетален оброк

Многу вкусен и здрав оброк кој можете често да си го проготвувате. Освен што е многу вкусен, одличен е за здравјето на цревата, а исто така, може да ви помогне да се ослободите од вишокот килограми. Пригответе си го уште денес поред наведениот рецепт.

Потребни состојки: 150 г пченкарна палента, 3 јајца, 200 г брашно, 300 г ситно сирење, немасно, 1 лажичка сол, 1 прашок за печиво, 200 мл јогурт, 100 мл сончогледово масло

Постапка: Додека се приготвува смесата вклучете ја рерната на 200 степени. Во една чинија изматете ги сите јајца додека станат благо пенасти и во нив додадете масло и јогурт, а потоа смесата добро се меша со миксер. Откако ќе се добие хомогена смеса додајте брашно и палента измешани со лажичка сол и прашок за печиво.

Јас користам безглутенско брашно. Кога сите состојки добро ќе се промешаат и изедначат, додајте ситно издробено сирење. Во модли или поголем плех се истура смесата (претходно намастени со малку масло), и се печат на 190 степени додека да зарумени.

Можете со чепкалка да проверите дали проичките се доволно печени. А сега ќе ви ја откријам диетата која неодамна ја прочитав на нет, а потоа можете да ги прочитате и останатите рецепти за супервкусен оброк приготвен со палента.

ДИЕТА СО ПАЛЕНТА И ЈОГУРТ

Ова е всушност диетата која во последно време е многу популарна меѓу холивудските актери. Јогуртот често се користи во разни диети бидејќи ја регулира микрофлората и перисталтиката на цревата. Резултатите се уште подобри ако се комбинира со палента.

За оваа цел најдобро е да се користи домашна палента од органска пченка и да се комбинира со јогурт со низок процент на млечни масти. Потребно е да се консумира чинија палента со јогурт двапати во денот, најдобро за појадок и вечера, 2-3 часа пред спиење.

II РЕЦЕПТ: Палента со сирење: најкремастиот и најздрав појадок. Направете си здрав појадок и уживајте во совршениот вкус кој ќе ве врати во детството…

Потребни состојки: 200 г палента, ¾ лажичка сол, 25 г путер, 50 г свежо крем сирење, 500 мл вода, јогурт

Постапка: во средно голем сад ставете вода и почекајте да зоврие. Половина од водата (250 мл) одвојте на страна, а во остатокот додајте сол и путер. Кога путерот ќе се растопи, намалете го огнот и додајте ја палентата со мешање. Постојано мешајте за да не се создадат грутчиња.

Варете додека да набубри или онолку колку што е наведено според упатството. По потреба, додека се вари палентата, постепено додавајте од водата која ја тргнавте на страна. Мешајте до саканата густина, а пред крајот додајте крем сирење. Убаво се комбинира и со јогурт, а исто така и со тврдо кравјо сирење. Сите комбинации се вкусни.

III РЕЦЕПТ Палента на скара-Рецепт

Потребни состојки: 1 лажица путер, 2 чаши немасно млеко, 2 чаши бистра пилешка супа, 1 чаша палента и ½ чаша рендан пармезан

Постапка: млекото, супата и путерот ставете ги на умерена температура да зоврие. Кога ќе зоврие тргнете го садот од огнот, истурете ја палентата, зачинете со сол и црн пипер, вратете на шпорет и продолжете да готвите со постојано мешање, околу 5 минути, додека да се згусне.

Кога палентата е готова, додајте го и пармезанот па убаво промешајте. Палентата истурете ја во подмачкан сад или обложен со проѕирна фолија, па оставете околу 3 часа да се стегне во фрижидер. Исечкајте стапчиња со ширина околу 1 см, и печете ги на умерено загреана скара, по 2 минути од секоја страна. Послужете топло.

IV РЕЦЕПТ Палента со јајце на око

Потребни состојки: 250 г палента, 1 литар вода, 100 г рендан кашкавал, 1 лажица путер, по потреба сол и бибер, 4 јајца, 2-3 лажици масло

Подготовка: водата ставете ја да зоврие заедно со маслото и малку сол а потоа додавајте ја палентата со постојано мешање, околу 5 мин. Потоа тргнете ја од огнот и додајте го кашкавалот и путерот, па убаво промешајте. Истурете ја во помало плехче и израмнете ја.

Со лажица на четири места направете вдлабнатини и искршете по едно јајце, а секое посолете го и зачинете со црн пипер или зачини по вкус. Ставете ги да се потпечат во загреана рерна на 250 степени околу 10-15 мин додека јајцето се зацврсти. Готовата палента оставете ја малку да излади и послужете ја со јогурт.

V РЕЦЕПТ Палента на мексикански начин

Потребни состојки: 500 г свинско месо, 450 г закиснат пинто грав, 300 мл пиво + 300 мл вода, 1 конзерва доматно пире, 1 мала тегличка салца, 6 чешниња мелен лук, 300 г палента, 6 чаши вода, мала конзерва пченка, рендан кашкавал, сол и бибер по потреба

Постапка: ставете ги месото, гравот, пивото, салцата, доматното пире, и лукот во длабок сад за готвење, па динстајте на тивок оган подолго време додека сите состојки да омекнат. Потоа со виљушка месото убаво раздвојте го на поситни парчиња. Во меѓувреме, на вообичаен начин пригответе ја палентата.

Кога ќе биде готова во неа додајте ја пченката. Потоа во огноотпорен сад најпрво наредете го сосот со месо, па врз него палентата. На крај ставете го ренданиот кашкавал и ставете ја тавата во загреана рерна да се запече, додека да се стопи кашкавалот. Послужете топло.