Ова ароматично лепче е идеален погодок за сите прилики. Вкусно, брзо и крцкаво-нема грешка. Особено е погодно за децата кога им се јаде нешто покалорично, а сепак да биде домашно и вкусно. Еве што ќе ви биде потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 2 јајца, 4 големи лажици кисела павлака/крем сирење, 4 големи лажици мајонез, 9 големи лажици брашно. ЗА ФИЛОТ: 2 виршли/колбаси, 1 домат, 1 кисела краставичка, 80 г кашкавал, магдонос, 3 големи лажици качап или доматен сос.




ПОСТАПКА: За да го подготвите едноставното тесто, во сад скршете ги јајцата и измешајте ги со павлаката. Додајте го мајонезот и на крајот брашното. Соединете со жица/маталка додека целосно да се инкорпорираат состојките.




Не е потребно да додавате сол или колбаси, бидејќи мајонезот е доволно солен. Тестото нема да биде со класична конзистентност како за пица, туку ќе биде лелеаво и помалку лепливо (може да додадете уште 1-2 лажици брашно).




Оставете го садот со тесто настрана, а за тоа време исечкајте ги виршлите/колбасите на кругови, доматот на тенки листови и краставичките на ситни кругови. Потоа изрендајте го кашкавалот на најкрупната страна од рендето. Земете 1 китка магдонос и исечкајте ја ситно.




Во нелепливо тавче на ниска температура ставете 1 лажица масло и почекајте минимално да се загрее. Потоа излејте го тестото и рамномерно распоредете го со шпатула и оставете да се готви на ниска температура.




Врз тестото со лажица премачкајте 3 лажици доматен сос или кечап, па наредете ги круговите од месните виршли. Може да користите и некое друго сувомеснато по ваш избор. Наредете ги краставичките, доматите, и на крај распоредете го ренданиот кашкавал.




Покријте ја тавата со капак и гответе уште 5 минути. Потоа наросете со магдоносот, повторно покријте со капакот и гответе уште малку време додека кашкавалот целосно да се растопи (ќе ви бидат потребни уште најмногу 5 минути за тоа).




Извадете ја пицата од тавчето и пресечете ја на посакуваните парчиња. Тестото има одличен вкус, а олеснително е тоа што не треба да се чека да стасува или да се потребни многу состојки за да се направи. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.