Највкусното домашно тавче гравче: Еве како да го подготвите традиционалниот специјалитет за Бадник…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
700 г бел грав
2 главици кромид
2 ловорови листови
100 мл масло
500 г домати пелати
2 лажици доматен концентрат
1 лажица бел оцет 9%
шеќер
цол, црн пипер
ПОСТАПКА:
Потопете го гравот преку ноќ во вода, а потоа процедете го и ставете го во големо тенџере со вода и два ловорови листови.
Откако ќе зоврие, намалете ја топлината на средно и оставете да се вари 45-60 минути, додека да омекне, но не и да почне да се распаѓа.
Во меѓувреме загрејте ја рерната на 175 степени, а кромидот исечкајте го на ребренца или на коцкички.
Измешајте ја доматната паста со доматен концентрат, оцет, вода, масло, половина лажица шеќер, сол и црн пипер. Ако сакате да биде пикантно, додајте малку лута пиперка.
Прочитајте: „ГРАВЧЕ ТАВЧЕ: Има многу рецепти за ова вкусно јадење, но само еден е вистинскиот“ – ОВДЕ.
Исцедениот грав и сосот добро измешајте ги во длабок земјен сад за печење, ставете го на поширок плех, бидејќи може да се случи да претекува за време на печењето, а потоа печете во рерна околу еден час или додека одозгора да се карамелизира и да испари околу половина од течноста.