Home закуска Највкусните топли сендвичи…Појадок или вечера за само 10 минути!

Највкусните топли сендвичи…Појадок или вечера за само 10 минути!

Највкусните топли сендвичи…Појадок или вечера за само 10 минути! Многу вкусни лепчиња, се приготвуваат за многу кратко време. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

150 г рендан кашкавал
150 г шунка сечена на коцки
2 триаголници топено сирење (зденка)
2 лажици мајонез
1 јајце
1 прстофат оригано
200 мл јогурт
леб исечен на парчиња (приближно 8)
200 мл млеко

Постапка:

1.Парчињата леб се натопуваат од двете страни во млеко.

За фил: ги мешаме сите состојки и добро ги соединуваме со јајца, јогурт, мајонез.

Плехот од рерна треба да се обложи со хартија за печење и малку да се намасти со путер.

Натопените лепчиња се редат во плехот и врз нив се става од приготвениот фил. Се печат во загреана рерна на 200 степени додека малку да фатат коричка.