Канелите се колачи кои имаат превкусно, воздушесто тесто од јајца, млеко и брашно, за кое ви е потребно само 5 минути подготовка. Овие печива ќе ве освојат на вкус, како и брзината со која се приготвуваат, од намирници кои речиси сите веќе ги имаме дома. Превкусни се и само така да се јадат.




Кој сака може да ги комбинира и со џем или некој чоколаден крем, но многу се вкусни и празни. Канелите може да ги правите во специјални, ребрасти модли (слични на калапи за мафини), но ако немате вакви калапи, печете ги како мафини или во поголем плех, а потоа исечете ги на коцки. Во секој случај, колачите се многу вкусни.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл млеко (2 чаши), 1 лажиче екстракт од ванила, 30 г путер (2 лажици), 125 г брашно (1 чаша), 200 г шеќер во прав (1¼ чаши + 2 лажици), 2 жолчки, 2 јајца, 60-80 мл рум (1/3 чаша).




ПОСТАПКА: Земете едно подлабоко тенџере и во него сипете 2 чаши млеко. Додајте го екстрактот од ванила или 2 стапчиња ванила и путерот, па ставете на рингла. Ринглата треба да биде вклучена на средна температура. Варете додека да се појави првиот клуч, а потоа тргнете од рингла.




Во друг сад соединете ги сувите состојки. Во садот ставете 1 чаша брашно и 200 г шеќер во прав. Соединете, па додајте 2 јајца и 2 жолчки. Добро изматете со жица/маталка за да нема грутчиња во смесата. Смесата треба да биде малку погуста, може и потешко да се соединува.




Откога ќе ги изедначите состојките, започнете на неколку наврати да го излевате млекото, растопено со путерот и ванилата. Со постојано мешање, соединувајте ги состојките додека смесата да се разреди. На крај ќе добиете тесто многу слично на она за палачинки, можеби само малку погусто. Пред да ги полните калапите, додајте половина шолја рум и соединете. Румот ќе даде пријатна арома на колачите.




Смесата може да ја направите и во блендер или под миксер, ако така ви е полесно. Подгответе ги калапите или една поголема тава и добро намастете ги дното и страните со растопен путер или масло. Смесата прелијте ја во бокалче или друг сад со кој полесно ќе ви биде излевањето на тестото. Полнете ги калапчињата нешто повеќе од половина.




Колачите се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 40-тина минути. За тоа време не ја отворајте вратата рерната зошто тестото расте, па може да спласне. Колачите треба да добијат темно кафеава боја. По печењето, оставете да се оладат во калапите, па можете веднаш да ги послужите.




Готовите канели се многу вкусни додека се топли, но и ладни. Некои ги преливаат со шербет или шеќер во прав, па така повеќе добиваат изглед на баклави. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.