Фотографија и рецепт на Нермина Дервишагич – Муклаџија “Фереро рошер торта”. Тортата е направена според рецептот на Данијела Текијаски која за својата торта вели: “Оваа торта ја правам од двојна мера, бидејќи е превкусна, не е преслатка, а полна е со чоколадо.
Мојот совет за сите оние кои ќе се одлучат да ја приготват е да ги удвојат состојките како што направив јас, зошто тортата е толку многу вкусна, што веднаш ќе се изеде.” Тортата на Данијела е приготвувана од двојна мера, а кората е печена во големиот плех од рерна, па после ладењето е пресечена на две половини.
Тортата на Нермина е приготвувана од единечна мера, а кората е печена во тркалезен калап со димензија на пречник од 24 см, па по ладењето е пресечена на половина, со што се добиваат две тенки кори и во обата случаи.
Потребни состојки за кора: 100 г путер, 100 г шеќер во прав, 4 јајца, 130 г менаж чоколадо или друго темно чоколадо за готвење со висок процент на какао, 1 кесичка ванилин шеќер, 70 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво, ½ лажичка сол, 70 мл слатка павлака, 130 мл млеко
Потребни состојки за крем: 400 г нутела, 400 г крем сирење, 250 г сечкани лешници, 100 г наполитанки (со лешников вкус). За глазура: 200 г Менаж чоколадо или друго темно чоколадо со висок процент на какао и 200 мл слатка павлака.
Постапка: Путерот исечкајте го на ленти и оставете го да омекне на собна температура. Потоа додадете го шеќерот, па со помош на електричен миксер пенасто изматете го додека да стане кремозен. Потоа започнете да ги додавате жолчките една по една.
Непрекинато матете со миксерот додека жолчката да се инкорпорира во путерот, па дури потоа додадете ја следната жолчка. Чоколадото растопете го на пареа и малку разладете го за да не биде многу топло кога ќе го додавате во путерот (може да се растопи).
Изладеното, а сепак течно чоколадо, додавајте го во кремот додека непрекинато матите со миксерот. Потоа додадете го какаото и ванилин шеќерот, па доматете уште малку колку да се соединат состојките. Брашното помешајте го со прашокот за печиво и просејте го.
Брашното постепено додавајте го смесата и мешајте со лажица додека целосно да се инкорпорира. Мешајќи додавајте ги една по една останатите состојки: слатката павлака и млекото. На крај изматете ги белките во цврст снег и постепено дадете ги во смесата.
Мешајте со лажица со превртување за да остане смесата кремаста и воздушеста. Рамномерно распоредете ја во калап обложен со хартија за печење. рерната добро загрејте ја на 180 степени, па ставете ја кората да се пече околу половина час или проверете со чепкалка.
Печената кора оставете ја да се олади, а потоа пресечете ја надолжно за да добиете две тенки кори. Можете да започнете со подготовка на кремот: пенасто измиксајте го крем сирењето, додадете нутела, сечкани лешници и издобени наполитанки со вкус на лешник или по ваш избор.
Убаво соединете ја смесата со шпатула или лажица па нафилувајте ја кората. Кремот распоредете го рамномерно и убаво израмнете. одозгора поклопете со втората кора. Одозгора прелијте со чоколадна глазура: Загрејте ја слатката павлака, но внимавајте да не ви проврие.
Во топлата слатка павлака додадете го чоколадото искршено на коцки, па мешајте додека тоа да се растопи. Оставете ја тортата неколку часови во фрижидер убаво да се олади и стегне, а најдобро преку цела ноќ. Изладената торта декорирајте ја по желба, а најсоодветно би било со рошер бомбици и чоколадни струготини.
II РЕЦЕПТ – Имаме фантастичен рецепт: Никогаш повеќе нема да купите Рафаело и Рошер откако ќе го откриете овој рецепт
Рецепт и видео презентација на Гурман Тв – Фантастичен рецепт за Рафаело и Фереро Рошер топчиња. Ова се најпознатите ситни колачиња – бомбици кои се јадат во еден, максимум два залака за подолго уживање. Вкусот е неодолив и ретко кој може да се задржи само на едно колаче. Рецептот прочитајте го ОВДЕ.
III РЕЦЕПТ – Фереро рошер ролат: Готов е за 15 минути, вистинска уживанција. Фотографија и рецепт на Лилјана: Мислам дека нема некој кој не ужива во вкусот на чоколадо, нутела и лешници… Рецептот прочитајте го ОВДЕ.