Откога еднаш ќе го пробате, секогаш ќе сакате да го правите. Ова печиво е евтино, а многу вкусно и прилично лесно се приготвува. Сите потребни состојки веќе ги имате во кујната, измерете ги и подгответе ги, да отстојат на собна температура пред да отпочнете со подготовката на тестото. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 мл млако млеко (2 чаши), 45 мл масло, 2 белки од свежи јајца, 1 супена лажица шеќер (20 г), 1 кесичка сув квасец (10 г), 6 шолји пченично брашно околу 720 г, 1 лажичка сол (10 г). ЗА ФИЛ: 150 г рендан кашкавал (чедар) и 80 г путер. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 2 жолчки, 1 лажица млеко (10 мл), 1 лажица брашно (25 г), 5 лажици вода (50 мл)




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете две чаши топло млеко (млако), додајте половина чашна чаша брашно (45 мл), двете белки од јајце, лажица шеќер и една кесичка сув квасец. Добро изматете со жица-маталка додека да се растворат состојките и изедначи смесата.




Матете неколку минути, а потоа започнете постепено да додавате 720 г брашно помешано со 10 г сол. На почетокот мешајте со лажица или шпатула додека брашното да ја впие течноста и тестото да згусне, а потоа замесете со рака додека да добиете компактно, нелепливо, средно меко тесто.




Тестото покријте го со кеса или проѕирна стреч-фолија и оставете го на топло место место без провев, да стасува околу 45 минути или додека убаво да го удвои својот волумен. По изминатото време издишете го воздухот од тестото, формирајте го во вид на векна и поделете го на две половини.




Секоја половина поделете на 6 приближно еднакви делови (вкупно 12), а од секој дел формирајте топче. Подготвените топчиња тесто покријте ги со кеса за да не се сушат, додека едно по едно ги обработувате.




Земете едно топче и најпрво со прстите од дланките развлечете го тенка кора со големина на средна чинија, а потоа преку цела површина премачкјате го со малку путер (80 г путер поделете го на 12 делови, или приближно по една лажичка путер за секое парче тесто).




На едниот крај ставете рендан кашкавал, па поклопете го со тестото и притиснете со прстите за да се залепи. Свиткајте ја кифлата и спојте ги сите краеви за да не истекува кашкавалот при печењето. Вака приготвените кифли наредете ги во плех обложен со хартија и покријте ги со кеса да одмораат 15 минути додека да стасаат.




По изминатото време премачкјате ги со мешавина од две жолчки и една лажица млеко, а во посебен сад пригответе ја другата мешавина од 1 лажица брашно и 5 лажици вода. Оваа смеса ставете ја во шприц или кесичка, потсечете го аголот, па правете дијагонални линии врз кифлите.




Ова е многу интересна декорација, особено доколку печивата ги приготвувате за гости, но секако, можете да ја прескокнете. Кифлите ставете ги да ги да се печат во претходно добро загреана рерна на 180 степени, околу 25 минути. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.