Прочуениот рецепт за принцес крофни никого не го остава рамнодушен, а вкусот не може да се долови од слики. Рецептот на Анета Ане е еден меѓу најдобрите. Неодамна, на нашиот сајт беше споделен уште еден рецепт за принцес крофни, а никому не му е доста од овие колачи кои се приготвуваат многу едноставно и лесно.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 мл вода, 150 мл масло, 250 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 4 кесички ванилин шеќер, 6 јајца. ЗА ФИЛ: 200 мл млеко, 3 пудинзи од ванила, 4 полни лажици густин, 6 кесички ванилин шеќери 4 лажици шеќер, 200 мл неутрална павлака, уште 2 ванилини шеќери, 200 г шеќер во прав, 1 маргарин (250 г).

Фото и рецепт: Анета Ане




ПОСТАПКА: 250 мл вода и 150 мл масло се ставаат на оган да зовријат, потоа се додава 250 г брашно, 1 печиво и 4 ванилки. Сето ова убаво се меша со дрвена лажица и се остава убаво да се олади. Откако ќе се олади се додаваат 6 јајца едно по едно и се миксира додека да се инкорпорира секое од нив.




На намастен плех се става хартија за печење и во калап за тулумби намастен, ставаме од смесата и си правиме форми. Големината е по желба. Може поголеми, може и помали. Јас поголеми ги правев. Се печат во загреана рерна на 200 степени, 30 минути и после уште 10 минути на 150 степени.

Фото и рецепт: Анета Ане




Напомена: рерната не смее никако да се отвора додека се печат крофните. Откако ќе се испечат, се оставаат малку да се оладат, па ги сечеме на поливина и ги полниме со фил кој се подготвува на следниот начин:

Фото и рецепт: Анета Ане




ЗА ФИЛОТ: потребно е во 200 мл млеко раствораме 3 пудинзи од ванила, додаваме 4 полни лажици густин, 6 ванилки и 4 лажици шеќер и сето ова убаво го мешаме и го додаваме во врело млеко и мешаме убаво да згусне. Потоа оставаме малку да се олади.

Фото и рецепт: Анета Ане




Во меѓувреме матиме 200 мл хопла (неутрална павлака) со 2 ванилки и ја ставаме во сад настрана. Во друг сад матиме 200 г шеќер во прав и 1 маргарин, претходно отстојан на собна температура минимум 1 час. Матиме убаво да стане пенаста смесата.




Потоа ја додаваме изматената хопла и матиме убаво додека да се соедини и на крајот го додаваме изладениот пудинг и вака сè убаво матиме со миксер за сите состојки убаво да се изедначат. Со вака подготвениот фил ги полниме крофните. На крај ги наросуваме со шеќер во прав. Фото и рецепт на Анета Ане.




ПРЕДЛОГ: крофните може да ги правите и двобојни така што кога ќе го подготвите основниот фил, поделете го на два дела, а потоа едната половина останува бела, а во другата додајте 100 г црно чоколадо. За сличен вкус во беллиот фил може да додадете 100 г бело чоколадо, по желба.

Фото и рецепт: Анета Ане




При филувањето кремовите треба да бидат изладени, и прво се нанесува белиот крем, а врз него црниот, но може и обратно. Во секој случај се многу вкусни. Оригиналниот рецепт за принцес крофни кој беше објавен на нашиот сајт може да го прочитате ОВДЕ.